среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 56 ново

Како лаже грдото лице на Македонецот: Заев се изјасни за промена на Уставот (ВИДЕО)

За нас е прифатливо сѐ што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од било која малцинска заедница, изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој потврди дека синоќа ДУИ им доставил документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците.

Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните. Со вака широко доставени рамки не знаеме кога ќе донесеме одлука. Како што реков предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме, рече Заев.

Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот.

zoran-zaev1

Пред само 3 месеци, во екот на изборната кампањата Зоран Заев зборуваше за грдото лице на Македонецот и за промена на Уставот. Секако, настапите на Заев и тогаш и сега се двојни, по­вто­ру­ва­ње на ве­ту­ва­ња­та да­де­ни пред ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра на сред­би­те со гла­са­чи­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја, па нив­но уб­ла­жу­ва­ње пред гла­са­чи­те Ма­ке­дон­ци.

При гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, опозицискиот лидер Зоран Заев најави промена на Уставот на Република Македонија за да ги исполни барањата  на Албанците за двојазичност. Заев вели дека ако било „грдо лицето на Македонецот“, тогаш не било важно што ќе изгубел македонски гласови, ќе дошле други избори.

Јас верувам дека употребата на јазикот може да биде наша предност, а не слабост. Јас од Струмица, каде што имам 94 отсто Македонци, 5 отсто Турци и 1 отсто други етнички заедници не губам ништо, што моите граѓани Албанци граѓани ќе си го употребуваат својот јазик – рече Заев.

Првиот човек на СДСМ велеше дека „сега му е мајката да ги отвориме овие теми“ и дека ако било “грдо лицето на Македонецот“ тогаш не било важно што ќе ги изгубел македонските гласови, бидејќи други избори ќе дошле.

Некои викаат еј ало, пред избори си, ќе изгубиш македонски гласови. Па ако е грдо лицето на Македонецот, што е важно, ќе дојдат и други избори, ќе дојдат и други политичари. Сега му е мајката да ги отвориме овие теми, вели Заев.

zaevv

Заев обраќајки им се на гласачите Албанци, јавно се обврза дека повторно ќе го отвора Уставот. На прашањето дали имаат намера да го сменат Уставот ако сакаат тоа да биде граѓански, Заев одговори дека не исклучува дека ќе се случи тоа.

Ние одиме со граѓански концепт. Со соодветно време кога ќе дојде потребата прагматично за таа работа тоа ќе се случи – рече Заев.

 

Top