сабота, 25 март 2017 | Вести денес: 69 ново

Годинашниот саем за градежништво од 28 февруари до 4 март

saem na gradeznistvo

Годинашниот, 14. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација ќе се одржи од 28 февруари до 4 март на Скопски саем.

Во рамките на оваа престижна саемска манифестација ќе се одржи и седмиот Саем за недвижности и за инвестиции  – RealExpo.

На Скопски саем веќе се во тек подготвоките за Саемите за градежништво и за недвижности.

– Меѓународниот сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, претставува значајна специјализирана манифестација, која подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите од Македонија и од странство. Во рамките на Саемот на градежништво 2017 година, во Метрополис арената и оваа година ќе се одржи Саемот за недвижности и инвестиции – RealExpo. На саемот ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, држување, модернизирање, реновирање и опремување објекти. Најголема заинтересираност од граѓаните се очекува од Саемот за недвижности и инвестиции – RealExpo, каде посетителите најчесто се задржуваат на понудата на станови и куќи во Република Македонија, информираат од Скопски саем.

За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе ја имаат можноста да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите.

Top