понеделник, 23 април 2018 | Вести денес: 74 ново

Викиликс: ЦИА ги шпионирала претседателските избори во Франција

ЦИА добила налог да собира информации пред претседателските избори во Франција во 2012 година, открива Викиликс и објави три доверливи налози за шпионирање.

Шпипнирањето треало седум месеци, пренесува RT.

Документите покажуваат дека сите главни политички партии имале инфилтрирани шпиони на агенцијата ЦИА (“HUMINT”), како и дека прислушкувале со помош на електронски уреди (“SIGINT”).

ЦИА проценила дека во партијата на Николас Саркози не биле сигурни во неговиот реизбор.

Како што се наведува, ЦИА барала и податоци за финансирање на кандидатите, нивни ставови за францускта економија и грчката должничка криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top