сабота, 17 февруари 2018 | Вести денес: 55 ново

Јунајтед и Рома визираат 1/8-финале: Ибрахимовиќ и Џеко по три гола во мрежите на Сент Етјен и Вилјареал

Манчестер Јунајтед и Рома веќе со едната нога се во осминафиналето во Лига Европа, откако вечерва остварија убедливи и чисти победи во пресметиките со Сент Етјен и Вилјареал.
„Црвените ѓаволи“ на својот „Олд Трафорд“ победија со 3-0 со трите гола на ветеранот Златан Ибрахимовиќ. Ибра го најде патот до мрежата на гостите во 15, 75 и 88 минута од натпреварот.

Уште поубедлива беше „римската волчица“ која во Шпанија го прегази Вилјареал со 4-0. Емерсон со ефектен погодок ја отвори серијата во 32 минута, додека пак во вториот дел три гола даде Един Џеко.

Шалке исто така беше сигурен и го преслуша ПАОК во Солун со 3-0, додека на останатите средби од терминот 21:05 беа постави следниве резултати: Легија-Ајакс 0-0, Хапоер Бер Шева-Бешикташ 1-2, Атлетик Б-АПОЕЛ 3-2, Андерлехт-Зенит 2-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top