сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Јовановски до Перо Арсовски: Овој отстрел е како кога го кодошеа Шишков

vlado-pero

Овој отстрел е како Шишков кога го отстрелаа, а колегите го кодошеа. Со овие зборови актерот Владо Јовановски му се обрати на својот колега Перо Арсовски во дебатата на Телевизија 24.

Многу лесно се изговараат зборови, фашистичка влада, фашистички режим, диктатори, каде бевте вие како новинари и миротворци да се спротиставивте. Епа извини, тој прекар Кодош не ти го дала власта. Не тврдам јас, такво име ти ставиле. Знаеш како викаат, да не ти излезе име… Овој отстрел е како Шишков кога го отстрелаа, а колегите го кодошеа. Ти само ми даде шлагворт. Јас не велам дека си кодош. Мене ме викаат Лале, него го викаат Кодош, што да правам, прекар е тоа, рече Јовановски обраќајќи му се на Арсовски.

Зборовите на Јовановски се однесуваат на тоа што уште пред неколку години, во јавноста се појавија информации дека Арсовски во далечната 1979 година, бесрамно го клеветел својот колега Ристо Шишков.

Во јавноста беше презентиран и документ, пишан архивски исказ, записник, во кој е наведено дека актерот Арсовски, на времето го кодошел Шишков дека овој го напаѓал тогашниот комунистички режим и Јосип Броз Тито. Поради таквото однесување на Шишков, тој во тоа време е суден и затворен, а неговата кариера е уништувана од страна на тогашниот режим.

Шишков во 1979 е обвинет во навреда на Тито и на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување умира на 17 јули 1986 година во Скопје.

Top