среда, 23 август 2017 | Вести денес: 71 ново

Каков ви е домот, таков ви е карактерот

Дали некогаш сте размислувале за тоа дека начинот на уредување на сопствениот дом многу зборува за вашиот карактер? Изборот на бои, стилот и одредени елементи во просторот ги откриваат склоностите и особините за кои можеби и не сте свесни.

Постојат уште просторни параметри кои можат да го откријат вашиот карактер, но и овие се сосема доволно да научите нешто за себе и личностите кои ви се блиски.

Избор на бои

Црвената боја е најсилна и ја избираат лицата со цврст карактер, желни за возбуди и акција, како и топлите и срдечни лица.

Зелената ја избираат смирените лица и оние кои тежнеат кон помалку активности и опуштање.

Розовата се поврзува со лицата кои се среќни, срдечни и доверливи.

soveti za domot

Сината боја ја сааат мирните и тивки личности и оние на кои домот им е оаза на мир.

Жолтата боја отсликува отворена, позитивна и оптимистична личност.

Кафените тонови ги бираат поединци кои сакаат комоција и задоволство.

Виолетовата открива личност која тежнее кон отменост, висока положба и луксуз.

Портокаловата боја ја избираат оние кои ја сакаат активноста, топлината и позитивните вибрации

Црната е одлика на храбрите, софистицирани и елегантни личности.

Rustic-Scandinavian-Interior-Design

Белата се поврзува со верните и посветени личности.

Избор на стил

Амбиенталниот стил во вашиот дом открива дека сте опуштена личност која не се интересира за туѓите животи. На овие личности желбата не им е да се истакнат туку да уживаат во сопствениот свет со семејството и пријателите.

Рустикалниот стил открива вљубеници во природата и романтични души кои расположението од секојдневниот живот го внесуваат и во домот.

Ретро стилот го сакаат оние личностите кои имаат поголема доза на елеганција во себе, па со раскошот на минатото сакаат да ја истакнат својата позиција во општеството.

5-3

Минимализам е типичен избор на практичните и деловни луѓе кои сакаат ред и прегледност. Овој стил е карактеристичен за типичните претставници на брзиот и современ начин на живот.

Едноличните тонови и материјали укажуваат на личност која не сака да е во центар на вниманието, туку е насочена кон себе.

Разновидноста на бои и материјали ги карактеризира активните и љубопитни личности кои тешко може да се смират.

top-banner

Во големи отворени и поврзани простории со многу светлина уживаат оние кои се отворени за запознавање на нови луѓе, дружење и прифаќање на ризици и искрени.

Оние пак кои сакаат мали простории, малку светлина, затворени врати и одвоени функционални делови во станот носат во себе несигурност и страв, повлеченост и нагласена индивидуалност.

Амбиенталното светло го сакаат креативните личности за разлика од оние со порационални ставови кои најчесто користат централно осветлување.

Top