понеделник, 24 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Сашо Стефановски: Фондот им овозможи нова терапија на болните од хепатит и рак

Повеќе од два милиони евра годинава ќе бидат потрошени за набавка на најсовремена терапија, што досега не беше достапна за пациентите во Македонија, преку спроведување на интегриран пристап од ФЗОМ, Агенцијата за лекови и Министерството за здравство.

Тоа беше посочено по денешната работна средба на директорите на ФЗОМ Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани со претставници на Алијансата на пациентски организации, здружението за борба против рак Борка, Животна искра и Хепар центарот за заштита на болни од хепатит.

Директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски рече дека Фондот гради принципиелен однос и сите политики ги комуницира и гради со оние кои се најзапознаени и најодговорни за тоа. ­

-Создадовме услови за набавка на девет нови лекови за терапија на болни од хроничен хепатит ц, за болни од рак на дојка, рак на бели дробови, рак на дебело црево и рак на црн дроб, како и за болни при трансплатација на коскена срцевина. Со неа ќе бидат опфатени оние пациенти кои ги исполнуваат критериумите да ја примаат оваа терапија, рече Стефаноски.

Претседателката на здружението за борба против рак Борка, Биба Додева рече дека воведувањето на новите терапии претставува историски исчекор и значи многу за пациентите. ­

-Ова покажа дека институциите имаат слух и Фондот ги отвори вратите и ја разбра важноста. Се овозможува нова терапија што е многу битна и докажано може да го продолжи и спаси животот на пациентите, рече Додева.

Претседателот на здружението Хепар центар Милан Мишковиќ рече дека со промовирањето и вметнувањето на новата програма за хепатит ц се дава можност на пациентите да бидат

Top