четврток, 30 март 2017 | Вести денес: 144 ново

Лидија Симјановска не успеа да се пласира во втората велеслаломска трка на СП во Сент Мориц

lidija simjanovska

Младата македонска скијачка, Лидија Симјановска во првата трка на велеслаломската трка на Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц заврши на 82. место со време од 1:17.41, што беше за 15.40 секунди побавно од првата позиција. Сепак младата алпска скијачка беше дисквалификувана по завршувањето на првото возење.

Ова значи дека таа и покрај дисквалификацијата и оствареното време нема да вози во втората трка, која е закажана за 13.00 часот. На првата позиција заврши Теса Ворли од Франција (1:02.01) пред Софија Џогија од Италија (1:02.49) и Микаела Шифрин од САД (1:02.73).

Изненадување на денешната трка е дисквалификацијата на Викторија Ребенсбург од Германија, која не успеа да ја помине патеката и да се пласира во второто возење.

Денеска во Сент Мориц во квалификациите во велеслалом настапуваат и четворица македонски скијачи. По првото квалификациско возење, Антонио Ристовски е на 61. место, додека Марјан Нашоку е на 83. место од вкупно 106 скијачи колку што ја завршија трката. Лука Божиновски и Виктор Петров не ја завршија првата трка.

Top