вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 114 ново

Ристевски по првата квалифкациска трка на 61.место, Божиновски не го заврши велеслаломот

ristevski

Најдобриот македонски скијач Антонио Ристевски ја заврши првата велеслаломска трка на Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц и со резултат 1:04.93 го зазема 61. место воочи втората трка. Неговиот резултат е за 6.84 секунди послаб од најдоброто време во квалификациите на Шпанецот Хуан дел Кампо.

Првата велеслаломска трка не ја заврши Лука Божиновски, кој со стартен број 43 не стигна до целта. Втората велеслаломска трка се вози од 13.00 часот, а за да се пласира во втората трка Ристевски треба да заврши под 50 место по финалниот пласман на двете трки.

Финалето во велеслалом ќе се вози утри изутрина на патеката во Сент Мориц.

Top