вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 113 ново

Почнува регистрацијата за Женската трка 2017

Трката е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за скопскиот маратон кој ќе се одржи на 7 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување

Традиционално пред почетокот на долгоочекуваниот Виз Ер Скопски Маратон, на 9. април 2017 (недела), ќе се одржи 5-тата по ред Женска трка во Градскиот Парк. Патеката е со должина од два километри и на крајот од трката сите натпреварувачки учествуваат во лотарија со богати награди од спонзорите.

Женската трка низ годините успева да ги посочи здравствените придобивки од редовното спортување и да инспирира за воведувањето на трчањето како здрава навика во животниот стил кај секого.

unnamed (1)

Секоја година илјадници учеснички ја започнуваат сезоната на здравјето и вежбањето преку тренирање за женската трка. Од година на година таа добива на популарност и сè повеќе жени се пријавуваат за учество.

Трката е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за скопскиот маратон кој ќе се одржи на 7 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување. На маратонот досега се имаат пријавено над 1.500 учесници од 31 земја – бројка која ветува дека ова издание на маратонот ќе биде најмасовното до сега.

unnamed (2)

За Женската трка 2017 пријавувањето започнува од денес, 16. февруари , а сите кои ќе се пријават во првите четири дена ќе можат да си го изберат стартниот број. Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28. февруари, каде по завршување на истиот цените постепено ќе се зголемуваат.

Пријавувањето и регистрацијата за Женската трка 2017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/zenskatrka2017 и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

 

Top