четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 92 ново

Курц: Можна е ЕУ без внатрешни граници, но со контрола на надворешните

­

sebastijan-kurc-640x430

Европската унија може да постои без внатрешни граници, само доколку обезбеди ефикасна контрола на своите надворешни граници, изјави вечерва во Виена австрискиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Себастијан Курц.

По средбата со шефот на хрватската дипломатија Давор Штир, Курц изрази задоволство од затворањето на „балканската бегалска рута“, порачувајќи дека сите земји треба да ги штитат своите граници. ­

– Најдобар начин за контрола на границите е да се има безбеден и паметен надзор, што подразбира полициска и воена контрола со софистицирана опрема, изјави Курц, додавајќи дека такво нешто е направено во Македонија.

Курц нагласи дека ЕУ може да биде среќна што „балканската рута“ беше успешно затворена, потестувајќи дека во текот на 2015 и почетокот на 2016 година во западна Европа преку тој канал дневно пристигнуваа по 16.000 лица. ­

– По нејзиното затворање, таа бројка е смалена на под 1.000, рече Курц.

Според него, спречувањето на големиот бегалски прилив претставува огромен успех, но треба да се продолжи со борбата против криумчарите и трговиците со луѓе долж поранешната „балканска бегалска рута“.

Штир од своја страна нагласи дека на Балканот е воспоставен механизам за соработка во спречување на бегалскиот прилив, кој сите сакаат да се задржи и унапреди.

– Најважно е балканската рута да остане затворена, потенцира Штир.

Top