петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Истражување: Индија е земја со најзагаден воздух

indija

Воздухот во Индија е еден од најопасните за дишење во светот. Земјата е пред Кина по бројот на смртни случаи од загадениот воздух, се наведува во извештајот на два американски Институти за истражување во областа на здравството.

– Секоја година во Индија 1,1 милиони луѓе умираат предвреме поради загадениот воздух, со што е изедначен бројот на смртни случаи со соедна Кина, се посочува во извештајот.

Од 1990 до 2015 година во Индија регистрирано е зголемување за приближно 50 проценти на честичките во воздухот со големина од 2,5 микрони или помали.

Бројот на смртни случаи поврзани со тие честички во Индија во 1990 година изнесувал 737.400 лица, а  во 2015 година – 1,09 милиони луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top