петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 111 ново

Линѕи Вон: Федерер е скромен шампион, тој е инспирација за сите спортисти

von i federer

Познатата американска скијачка Линѕи Вон изјави дека живата тениска легенда Роџер Федерер е голема нејзина инспирација и сака да биде како него.

– Роџер го сака тенисот и работи напорно. За разлика од многу други спортисти, тој е многу скромен шампион. Сакам да бидам како него, тој ми е инспирација. Многу луѓе ми велеа дека тој е веќе стар и нема да може да освои нов гренслен, но се врати во фантастична форма и триумфираше во Австралија. Јас истото го сторив во Гармиш – изјави Вон.

Швајцарецот на најдобар можен начин ја користи тениската пауза и сега е во посета на Сент Мориц, каде што се одржува Светското првенство во скијање.

Top