понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 90 ново

Покрај „Евзони“, затворен е и „Дојрани“

Поради штрајкот на грчките земјоделци, сѐ уште е затворен за сообраќај граничниот премин „Евзони“, а од 12 до 14 часот се очекува да биде затворен и граничниот премин „Дојрани“ на македонско-грчката граница, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од патиштата низ земјава, од 11:30 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Штип – Радовиш поради сообраќајна незгода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top