понеделник, 22 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Пари за бабите што ги чуваат внуците – пилот-проект на турската влада

babi

Бабите што ги чуваат своите внуци додека родителите работат, ќе добиваат финансиска помош во рамки на пилот-проектот, кој почнува во мај и опфаќа десет турски окрузи, соопшти турскиот министер за труд и социјална сигурност, Мехмет Миезиноглу.

Како што објави весникот „Хуриет дејли њуз“, финасиската помош за бабите ќе изнесува по 425 турски лири (113 долари), а во проектот ќе бидат вклучени вкупно шест илјади семејства.

– Ќе им дадеме 30 отсто од минималната плата или 425 лири на бабите, кои ќе ги чуваат своите внуци. Околу илјада семејства од Истанбул, Измир и округот Бурса ќе бидат вклучени во проектот во неговата прва фаза. Уште 500 семејства од Анкара, Кајсери, Сакарија, Анталија, Конја, Газиантеп и Текирдаг, исто така, учествуваат во проектот – додаде тој.

Пилот-проектот ќе се спроведува една и пол година од трошоците за него ќе се покриваат од Турската агенција за вработување, а останатата половна од турското Министерство за труд. Се очекува трошоците за проектот да изнесуваат шест милиони лири (1,5 милиони долари).

Семејствата со вкупен приход помал од три минимални плати ќе можат да се пријават за вклучување во проектот. Освен тоа, предност ќе имаат бабите под 65 години, иако нема да има строга граница и можат да се вклучат и баби над таа возраст.

Миезиноглу изјави дека Владата ќе одлучи дали проектот ќе стане постојан според резултатите од пилот-варијантата, која ќе се следи од претставници на Министерството.

Министерот за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја, изјави дека проектот има цел да ја зголеми вработеноста на жените и да ги зајакне семејните традиционални врски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top