вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 111 ново

Не престануваат реакциите од Интер: Имаше два пенали за нас, Јувентус не беше подобар

stefano pioli

Секое „Дерби на Италија“ има и трето полувреме. Така и по синоќешниот дуел во Торино, на удар се најде судијата Никола Рицоли и неговиот критериум. Имено, од таборот на Интер бараа два пенали врз Икарди во првиот дел, а и тренерот Пиоли го апострофираше криетериумот на делителот на правдата по натпреварот.

– Во првото полувреме имаше два спорни моменти, мислам дека требаше да има пенал за нас. Јас бев дефанзивец и знам дека Кјелини играше со лакт против Икарди. Загубивме поради наша грешка, а не затоа што Јувентус беше подобар. Играчите беа лошо поставени по ударот на Квадрадо. Сепак, Интер во првиот дел потврди дека може да игра и да се надигрува со шампионот. На добар пат сме да играме рамноправно со секого – изјави тренерот на Интер, Стефано Пиоли.

Интер ја прекина серијата од седум победи по ред, а црната недела ја заокружи и со елиминцијата во четвртфиналето на Купот на Италија за сметка на Лацио.

Top