среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 1 ново

Колку често треба да се менуваат пешкирите?

Пешкирите кои секојдневно ги користиме се плодно тло за размножување на бактерии и габи. На нив се собираат мртви клетки од кожата, фекален и уринарен секрет, плунка, како и капки од ве-це шољата, што е сосема доволно за размислување колку често треба да биде нивната замена, односно перење.

– Ако станува збор за пешкири за бришење на телото кои успевате целосно да ги исушите, пример на парно, не треба да ги користите повеќе од три пати – вели патологот и микробиолог Филип Тиерно.

Според него пешкири кои се користат за бришење раце треба да се перете почесто.

– Полесно стануваат нечисти бидејќи ги користиме неколку пати дневно, па треба да се менуваат секој ден. Доколку од нив се шири непријатен мирис, тоа е знак дека на нив се рзмножиле микроби и дека треба да се исперате – вели Тиерно.

Објаснува дека пешкирите се идеално место за размножување на бактерии и габи, поради погодните услови за нивниот развој: вода, висока температура, кислород, храна и неутрален ПХ фактор, а човековото тело е идеален снабдувач на добри услови за размножување на микроби.

При перењето во машина, треба да се одбере програмата со највисока температура на вода, бидејќи само така се уништуваат бактериите и габите.

Тиерно потсетува дека секое семејство треба да има посебен сет пешкири за тело, лице и раце и дека повеќе лица никако не смеат да делат ист пешкир.

Top