понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 90 ново

Граничниот премин „Евзони“ сѐ уште e затворен за сообраќај

evzoni-1

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин „Евзони“ сѐ уште е затворен за сообраќај. Премините „Дојран“ и „Меџитлија“ се отворени за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа  влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на патните правци Скопје – Миладиновци, Скопје – Катланово во двата правци и на обиколницата околу Скопје.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и во засеците е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Според информација од ЈП „Јасен“, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top