сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 80 ново

Вујовиќ: Среќа за нив е што ги тренира Црногорец и мора да играат само десет минути (видео)

veselin vujovic

Словенечките ракометари беа пречекани како народни херои, по подвигот на Светското ракометно првенство во Франција на кое се закитија со бронзениот медал. Во инфаркт мечот против Хрватска, избраниците на Веселин Вујовиќ имаа фуриозни последни 10 минути во кои го направија епскиот пресврт за конечна победа од 31-30.

Кон словенечкиот народ, кој се собра во голем број, се обрати и Црногорецот и им порача:

– Вие сте златни и ги заслужувате овие храбри момчиња. Како што вели народот, кога ве тренира Црногорец, морате да ги играте само последните 10 минути. Би сакал сите од нив да останат и да се вратат со златен медал од ЕП во Хрватска наредната година – рече 56-годишниот црногорски стручњак.

Top