вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 95 ново

Ако држите диета, воздржете се од кавги во бракот

Истражувањето спроведено во Америка сугерира дека  кавгите меѓу брачните партнери се поврзани со забавено согорување на калориите.

Научниците од Универзитетот Охајо пресметале дека брачните партнери склони кон кавги и оние кои имаат историја на нарушување на расположението, соогоруваат просечно 31 калории помалку на еден час.

Така бавното согорување на калории може да резултира со зголемена телесна тежина до пет килограми годишно, додаваат истражувачите.

Податоците се собрани од 43 двојки, кои биле во брак најмалку три години, а кои во текот на истражувањето биле во добра здравствена состојба.

Брачните конфликти исто така, биле поврзани и со зголемената концентрација инсулин во крвта до два часа после оброкот што резултира поттикнување на дополнително конзумирање храна.

Партнерите склони на кавги кои биле погодени од депресија во просек имале и многу зголемена концентрација на триглицериди во крвта

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top