среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Црвеното конче околу раката има само една моќ

Некогаш бабите на новороденчињата им врзувале црвено конче околу раката за да ги заштитат од уроци, а денеска црвено конче не само што може да се купи во продавница, туку се продава и во златарниците. Продавачите профитираат продавајќи црвен конец дополнет со приврзок срце, потковица, ѕвезда, делфин.

Културата на носење црвено конче се објаснува со верувањето дека одвраќа лоша енергија и лоша среќа, а Евреите сметаат дека овој свет конец има заштитна улога, па некои се мотаат со кончиња донесени, наводно, од Ерусалим.

bebe majka crven konec

Психолозите потврдуваат дека црвениот конец има моќ, но таа моќ со нивниот речин се нарекува автосугестија и никако поинаку.

Луѓето што носат црвено конче или го носат поради суеверие или за мода. Доколку се работи за суеверие, тие лица се несигурни, кои веруваат дека некој друг може да им влијае на животот и на околностите, па бараат механизам како да се одбранат од нешто што всушност и не постои, па така со автосугестија се самоуедуваат дека се безбедни, па подобро се чувстуваат.

 

Врзувањето конче е чисто суеверие и во православната вера нема никакво значење. Луѓето дури имаат обичај да им го врзуваат на бебиња за да ги заштитат од уроци, но уроците се само суеверие.

bebe crven konec

Исто така, луѓето веруваат дека црвениот волнен конец околу зглобор на раката штити од ревма, но и тоа е  суеверие.

Top