вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 34 ново

Нови проблеми во „Икеа“, овој производ повлечен од продажба

„Икеа“ повлекува од продажба цела линија на роизводи, поточно столици за плажа, по добивањето на извештајот дека може да се скршат и да предизвикаат проблеми како приклештување на прстите. Познатата шветска компанија за производство на мебел ги повикала купувачите до 31 јануари да ги вратат сите модели на „мисинго“ (Mysingso) столиците за плажа, за надомест на пари, дури и доколку немаат сметка.

ikea-chairs

Шведската фирма се одлучила на повлекување на столиците после приемот на пет извештаи за повреди предизвикани од скршени столици во Финска, Германија, САД, Данска и Австралија.

„Икеа“ е водечки светски произведувач на мебел и има повеќе од 300 продавници во 27 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top