петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 111 ново

Мегаинтервју со Никола Груевски: ВМРO-ДПМНЕ ќе го надживее и Сорос и неговите надворешни и внатрешни слуги и платеници

Зад нас остана година полна со премрежиња и пресипитувања – лични и национални – со кого, како и во каква држава ќе живееме. Ќе нѐ има ли за поколенијата или ќе станеме лекција во историските читанки. Народот одговори на овие прашања, а сега останува политичарите да ја завршат доверената задача.

Она низ што мина Македонија не е сплет на околности, туку оркестрирана, организирана и професионално одработена револуција од какви настрадале и многу поголеми и многу помоќни држави. Армии НВО војуваат во модерниот свет, а во Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја извојува деветтата изборна победа против корумпирани новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, предводени од професионални протестирачи. За светот под контрола на Сорос, за неговата моќ да ги подреди политиките во служба на својата идеологија за отворени општества, но и неговата човечка немоќ да ги надмине заблудите што му ги пласираат претставниците во Македонија, во божикно мегаинтервју за „Република“ зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Каде бевте за Нова година?

ГРУЕВСКИ: Дома, семејно. Тоа што најмногу ни недостигаше. По Нова година, два-три дена сме во Маврово. Има многу снег, децата се пресреќни. Конечно, заедно по цел ден, неколку дена по ред…

Значи и Вие одморивте малку?

ГРУЕВСКИ: Би рекол активен одмор. Навидум одмор, инаку со мислите работев максимално на планови и на стратегии за понатаму. Носев и некои материјали со мене. Прочитав и некоја книга.

Која книга ја читавте?

ГРУЕВСКИ: „Повторно величествена“ од Доналд Трамп. Многу интересна. Ја препорачувам.

Што најмногу Ви се допадна во неа?

ГРУЕВСКИ: Ентузијазмот, упорноста, енергијата, жарот, одлучноста… Се разбира и конкретните планови и идеи на новиот претседател на САД се многу интересни и предизвикувачки…

dsc_5106

Како со кашлањето, намаливте ли? Секоја есен-зима Ве слушаме како многу кашлате.

ГРУЕВСКИ: Да, и секоја зима одам на прегледи. Дефинитивната дијагноза е алергија. Кашлањето е само последица. Во минатото имав проблеми и со синусите, сега тоа е санирано донекаде. Но, алергијата ми се јавува секоја есен и зима, и се манифестира само со кашлање, често и многу силно, а за тоа нема лек, има само привремено санирање со лекови. Непријатно е, одзема многу енергија. Лекарите велат дека тој што ќе открие лек што трајно ќе ги лекува алергиите ќе добие Нобелова награда…

Дали Ви открија на што сте алергичен?

ГРУЕВСКИ: Не. На стандардните тестови за алергија сум негативен, но во природата, во воздухот има стотици илјади алергенси на кои човек може да реагира на еден или на друг начин.

Можно ли е тоа да е од загадениот воздух?

ГРУЕВСКИ: Можно е, но и не мора да е директно поврзано затоа што во тие периоди имам патувано во други држави и градови, но кашлањето не запрело. Годинава не земав лекови за одржување на алергијата освен спрејови, но сега почнав и веднаш се намали интензитетот на кашлањето. Есен- зима со антихистаминици и разни спрејови, и ќе дојде пролет.

Се договоривме да направиме едно интервју поврзано со активностите на Сорос во Македонија. Често е спомнуван, особено од Вашата партија, а никогаш подлабински немало разговор со некој политичар за тоа. А на почетокот да Ве прашам, поминавте тешка година, како ја оценувате?

ГРУЕВСКИ: Тешка, но и интересна. Да, имавме тежок противник, при што не мислам на СДСМ, тој беше само параван, инструмент, маша… Да не беше зад него Џорџ Сорос со сите милиони што ги истура во Македонија, со целата мрежа од невладини организации, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места. Иако и ова што го постигнавме не е за занемарување во една ваква тешка ситуација.

dsc_5161

Како знаете дека Сорос има одлучувачко влијание кај најмоќните земји кога станува збор за помали држави?

ГРУЕВСКИ: Има многу примери за тоа. Погледнете ги, на пример, електронските пораки што Сорос ги испратил, а беа објавени на „Викиликс“, и сѐ ќе ви стане појасно. Човекот дава јасни инструкции што треба да се прави и тие му поминуваат без дебата или проверка.

Од други објавени е-пораки се гледа дека влегува кога сака кај високи функционери во Америка, договара средби од денес за утре и има суштинско влијание. Ако има таков лесен пристап во најмоќната земја на светот, тогаш каков ли му е пристапот кај другите, помали од Америка?

Неговата фондација и според финансиски и според кадровски потенцијал е најмоќна фондација во светот која има политички цели. Сорос решил своето богатство да го употреби за да остварува влијание во две насоки – идеолошко кон создавање т.н. отворени општества и финансиско преку шпекулации и однапред познати политички исходи во одредени земји за да профитира на берзата.

По некое време, цели институции, цели министерства, можеби, и цели влади и нивни разузнавачки агенции се инфицирани со неговите гледишта, со неговата идеологија, со неговиот поглед и цели. Дополнително, и самите тие си наоѓаат некој дополнителен интерес од таквото дејствување и тераат со сите сили, а ние тука разговараме за Заев или за СДСМ… Каков Заев, какви бакрачи…

Зошто е насочен на тој начин кон Македонија, кон ВМРО-ДПМНЕ?

ГРУЕВСКИ: Прво, не е од сега, тој 25 години дејствува така, но во последните 2-3 години позајакнато.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ  е на власт, неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ. И секогаш кога СДСМ е на власт, повторно неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ, како центарска, десничарска и конзервативна политичка партија. Не постои една работа што ја направила ВМРО-ДПМНЕ во овие 25 години, а за која една негова институција, како институтот Отворено општество, НВО финансирана од него, медиум или слично, рекла дека тоа е добро. И обратно, нема ниту еден чекор на СДСМ што го осудиле. Значи, сѐ што е од нас е лошо, сѐ што е од СДСМ е добро или ако не е добро, барем се премолчува. Човекот што 25 години е главен на институтот Отворено општество во Македонија е член на Централниот одбор на СДСМ. Од лани навидум се пензионираше, но, всушност, си постави лице кое е негов послушник, кое никој не го познава, ниту му го знае името, а ја води истата политика на претходникот. А, тие не се ни кријат дека се дел од СДСМ. Имаат говори против нас на политички митинзи организирани од СДСМ. Затоа ние почнавме да ги поистоветуваме и велиме СДСМ/Сорос.

vmro-naroden-sobir-gruevski

Со политичкото влијание на Сорос, ќе ти свртат и некои влади и нивни амбасадори да се занимаваат со тебе на дневна основа и тие тераат и ти викаат за ваше добро работиме, сакаме да ви помогнеме.

Неговата мрежа во Македонија, освен што има НВО, директно финансира, некои би рекле корумпира, голем број новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, протестанти, да, како што вели Трамп, професионални протестанти.

Под своја контрола имаат ставено и голем број луѓе низ институциите на системот, административци на високи позиции, судии, обвинители, лекари, еколози и секаде каде оцениле дека ќе им требаат за остварување на нивните цели. Значи дејствуваат и внатре, со пари и со индоктринација, и надвор, со влијание кај најмоќни влади и политичари. Во Македонија имаат монопол во секторот НВО бидејќи 95 проценти од НВО се финансирани од средства на Сорос или од влади во кои тој има влијание, па парите заеднички ги насочуваат и ги договараат активностите. Ако им треба т.н. шарена револуција, тогаш преку НВО го прават тоа со пари.

sarena-porta

Зошто македонската влада дозволила да е така со невладиниот сектор?

ГРУЕВСКИ: Прашањето е на место и тука сте делумно во право. Ако нашиот домашен приватен сектор нема чувство за поддршка на НВО и го остава целокупно во рацете на еден надворешен меѓународен играч и странски држави, тогаш исто толкава критика е потребна и за владата која досега доделуваше симболични средства за НВО и на тој начин невладиниот сектор стана армија зависна од Сорос, но и во служба на неговата политика. Секоја влада во секоја држава одвојува посериозни средства за граѓанскиот сектор, без притоа да влијае врз неговата работа. Кај нас потфрливме на тој план, и тоа, секако, е првата, а би рекол и најважна мерка во планот за десоросоизација на општеството, како што кажавме во нашиот предлог. Мора да се најдат средства, да се помогне да се развие независен граѓански сектор во Македонија. Не смее граѓанскиот сектор во иднина да остане само во рацете на Сорос и на странски влади. Денес, ако сакаш да работиш во граѓански сектор, или мора да работиш за Сорос и да ја прифатиш неговата идеологија или нема место за тебе во граѓанскиот сектор. Таа грешка во иднина не смее да ѝ се повтори на Македонија. Нека работи и нека инвестира Сорос во НВО, но активистите на НВО мора да имаат и други извори на финансирање доколку имаат квалитетни проекти, а тие проекти мора да ги оценуваат експерти кои не се политички зависни од која и да е власт, ниту, пак, да се зависни од странски влади и поединци.

sarena revolucija (11)

Велите армија НВО…

ГРУЕВСКИ: Да, класична армија. Невладините организации во Македонија Сорос ги направи модерна армија. Денес битката не е со пушки и со пиштоли како пред 100 години, туку со НВО, корумпирани медиуми и новинари и со влијание на моќни странски медиуми и моќни странски влади за да нивните политики кон една земја ги насочат во правец на неговите цели. Тоа е реалноста и, за жал, така дејствува Сорос. И тогаш те прават што сакаат. Те гмечат, те случат како тесто. Ќе те направат и криминалец, и крадец, и предавник, и идиот, и неспособен, и монструм, сѐ што ќе наумат. Па, оди после ти излези на избори. Ќе ти измислат триста афери, купишта лаги и дезинформации, едно зборуваш, друго се пренесува итн.

Еве, на пример, погледнете што правеа со Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ од 17 декември. Ние таму јасно кажавме дека ќе ја продолжиме нормалната комуникација со амбасадорите, тоа на медиумите и кај аналитичарите платени од Сорос никаде го нема, но има дека сме објавиле војна на амбасадорите и дека сме решиле да се самоизолираме. Ние кажавме дека некои амбасадори претераа со мешањето во внатрешните работи на земјата и дека тоа мора да запре, тие тоа го спинуваа дека сме против Америка и против Западот, против НАТО и ЕУ. Никој од нив не пренесе дека во истиот проглас кажавме дека бевме и ќе бидеме западноориентирани, за членство во НАТО и во ЕУ, и за стратегиска соработка со Америка. Никој. Нивните платени аналитичари секоја вечер мелат иста приказна, зборувај ти што сакаш. Може светски медиуми, како „Асошиејтед прес“ или „Вашингтон пост“, коректно да ја пренесат информацијата, но не може истото да го направат медиумите финансирани од фондацијата на Сорос во Македонија.

Но, има лек и за тоа…

vmro-sobir-boris-trajkovski-3

Пред да зборуваме за лекот, дозволете да Ве прашам зошто го прави тоа Сорос во Македонија, кое е Вашето мислење?

ГРУЕВСКИ: Како што кажав, не го прави само во Македонија, туку во поголем број земји, не само од регионот и од источна Европа, туку, како што гледате, и во Америка.

Второ, од она што сум прочитал за него, во некои земји ударите ги прави заради финансиски материјални причини, за да заработи многу пари, во некои, пак, заради идеолошки причини.

Тој има одредена идеологија за која многупати и јавно говори, која ја заснована на принципи кои ги дефинира на отворени и на затворени општества, при што идеологиите на конзервативните влади, десноцетристичките влади најчесто му личат на затворени, што е тотално неточно, ама тој така го доживува тоа.

sobir-vmro1-500

Не случајно сите негови НВО и платеници секој ден зборуваат за слобода и за демократија. Тие што живеат овде, во земјава знаат дека тоа го имаме, но мора да ги оправдаат парите што ги трошат. Никој од нив нема интерес да му ја каже вистината. А ним им верува. Сорос, освен еднаш во 1991 година на еден ден, никогаш не бил во Македонија и тој сликата за нас ја прави според тоа што му го кажуваат тие на кои им верува. Тој ги прифаќа нивните ставови и донесува одлуки на база на тоа, потоа плаќа за горе-долу преку тие луѓе да ја смени реалноста, која му е претставена како реалност. Последиците ги трпи целиот народ, а тој веројатно верува дека прави некоја добра работа, плус тоа му го потврдуваат оние кои му креирале такво мислење. Да бил тука барем една недела или две, да се прошетал низ градовите и да поразговара со народот, би се фатил за глава околу тоа што прави, но тој нема време за тоа.

Мислите ли дека не е свесен што прави и каде се трошат неговите пари?

ГРУЕВСКИ: Видете, тој има многу информации за Македонија и за нас, многу повеќе отколку што верувате. Многу. Но искривени, неточни и погрешно пласирани. Јас сум убеден дека барем дел од проблемот се и неговите заблуди, а не само различната идеологијата од нашата.

vmro-miting-skopje-27-11-2016-1

Сѐ уште мислам дека не е свесен кого поддржува во Македонија и против кого е. Неговото мислење за нас, кое подоцна го наметна и кај некои структури на Стејт департментот и кај други влади е базирано на многу дезинформации и на свесно направени погрешни толкувања на нашите чекори и политика. На пример, спротивно од тоа што го декларира јавно, вклучително и во неговата последна колумна пред нова година, тој, свесно или не, во Македонија поддржува криминалци, авторитарни политичари, политичари што оставија без работа повеќе од 200.000 работници во процесот на транзицијата и низ процесот на криминалната приватизација, а еквивалент на тоа во Америка, според големината, е како во неколку години да се избркаат од работа околу 35 милиони работници. Како? Многу едноставно, направија закони со кои државните фирми место преку берза или на друг конкурентен начин, им ги продадоа за симболичен износ на олигарси блиски до својата партија, за овие потоа да им ја финансираат партијата и самите нив, политичарите од СДСМ, за кои Сорос смета дека градат отворено општество.Тие стари комунистички директори не знаеја да отворат нови пазари. Со распадот на комунизмот старите им се затворија поради либерализацијата, па ги избркаа вработените на улица, но капиталот го задржаа. Само поради ова, а има уште многу причини, да сум јас на негово место не би помислил да поддржам таква партија.

Или да земеме уште еден пример. Поддржува лидер фатен на дело, со легално направена снимка по наредба на обвинител, како бара мито од бизнисмен и како раскажува дека сите бизнисмени во неговата општина во која тој е градоначалник на ист начин плаќале мито, дури и се чуди како тој што дошол кај него не е запознаен со редот во општината.

miting-vmro-skopje-izbori-2016-27-custom

Поддржува политичка елита, за која е докажано дека дава лажни ветувања поради кои и неколку пати беше казнета од мнозинството народ. Елита што финансиски и економски ја фрли Македонија на колена, која кога владееше владееше без никаков економски концепт за државата, и елита што никогаш, буквално никогаш нема привлечено странска гринфилд-инвестиција, која отворила едно работно место во земјата кога била на власт. Ова го кажувам сега, кога поминаа изборите, за да не се сфати дека е дел од кампања. Не е. Тоа е дел од реалноста. Затоа, велам, надвор од идеолошкиот дел, мислам дека Сорос е во заблуда и не верувам дека ќе ја признае. Не ја познава земјата, прима само извештаи од луѓе на кои им верува, а тие, пак, од лица од структурите на СДСМ. Најголем дел од вработените во НВО и во други институции што ги финансира Сорос се активисти на СДСМ или дури и нивни функционери, како, на пример, претседатели на локални организации и слично.

Сорос поддржува партија што кога владееше, а и денес кога владее по општините низ Македонија владеe недемократски, авторитарно, ја задушува слободата на медиумите до максимални граници, потоната е во криминал и во корупција, спроведуваше класично мафијашко водење на владата, или денес на општините, политичка елита што го гледа народот само како средство, како инструмент да дојде на власт и до државните ресурси и што подолго да се задржи таму заради свои лични интереси.

Еве земете го примерот на актуелниот претседател на СДСМ за кој се откри дека со години поголем дел од позначајните тендери во општината што ја води 11 и пол години ги доделувал на своите роднини и високи партиски функционери. Тоа ли го поддржува Сорос? За тоа ли ги троши своите пари во Македонија? Му го кажал ли некој ова? Сигурно не, ниту, пак, ќе му го каже, или ако му каже, ќе му каже дека сето тоа некаква местенка. Или земете го примерот со случајот „Цареви кули“, во кој лидерот на опозицијата договорил мафијашка зделка со некој бизнисмен за да ги избегне плаќањата на комуналии кон општината, да изгради нелегални објекти по донесувањето на Законот за легализација на дивите градби, а тој да му овозможи легализација како да се изградени пред донесувањето на Законот. Заборавиле само дека „Гугл“ на секои шест месеци врши снимање на цела Земјина топка, и таму јасно се гледа кога е изграден објектот. Такво ли владеење поддржува Џорџ Сорос?

Знае ли Сорос дека шефот на опозицијата за кого овој троши милиони евра за да го донесе на власт е амнестиран во криминална афера тешка осум милиони евра, приближно колку што Сорос годишно троши во Македонија? Или му кажале дека и тоа е наместено?  Знае ли дека долго време се правдаше дека не барал амнестија и не можел да ја спречи одлуката на претседателот на државата, а сега, откога се смени законот и секој има право да побара поништување на амнестијата, „лидерот“ никаде го нема и чека да застари делото. Не е ли ова мафијашко владеење, и ова ли го поддржува Сорос, или за тоа никој ништо не му кажува? Како што, веројатно, никој не му кажува дека заменик-претседателката на СДСМ, заедно со сопругот, има месечни примања од околу 10 илјади евра, во земја со просечна месечна плата од 370 евра, од кои поголем дел се од издавање на сопствениот имот, вклучувајќи го и тој во кој живее на фирмата во која сопругот ѝ е управител.

zaev-so-lisici

Знае ли Сорос дека кога неговиот пулен Заев, шефот на опозицијата, треба да се појави на суд за корупција, не доаѓа и вели дека бил на средба со некој амбасадор, што потоа амбасадорот јавно го негира и, на крај, се покажува дека бил на средба во амбасадата со некој преведувач волонтер. И, воопшто, кој за средба со амбасадор одложува судско рочиште, освен ако не е до коска корумпиран и виновен? Знае ли Сорос какви закани упатува кон медиумите што не го поддржуваат човекот што тој финансиски го поддржува за да стане премиер? И тоа јавни закани. Прогласувајќи ги јавно тие медиуми, на прес-конференција, за свои непријатели.  А тие медиуми знаат со какви сѐ закани се соочуваат, кои не се јавни, туку испратени преку гласници, со цел да ги замолчат, да престанат зборуваат за неговиот криминал, лаги и погрешна политика.

Да, за жал, свесен или, можеби, несвесен, тој си знае најдобро, Џорџ Сорос во Македонија поддржува владеење на една корумпирана и криминална политичка елита, автократски лидер на кој не смее никој да му се спротивстави за време на партиските седници на ЦК, наследници на поранешните комунисти, целосно отуѓени од народот, кој го гледаат само преку призмата на својот личен интерес. Тој го финансира токму тоа за кое јавно се декларира дека е против и дека се бори, а, всушност, се бори токму против тие што, со сите слабости, имаат направено најмногу за зацврстување на демократијата, слободата, економијата и на државата во целина. Тешко ми е да поверувам дека тоа го прави свесно.

Дали тоа што го прави Сорос е повеќе против Вас или повеќе за нив, односно опозицијата?

ГРУЕВСКИ: Мислам и двете. И мислам и за второто не е свесен. Не е свесен дека овој народ во 2006 година беше паднат на колена со речиси 39 отсто невработеност, највисока во Европа тогаш, и 32 отсто стапка на сиромаштија, рангиран на 105. место на неговата „Транспаренси интернешнел“. Токму тие против кои се бори тој, а тоа сме ние од ВМРО, и покрај сите кризи и пречки, невработеноста  ја сведоа на околу 23 отсто, стапката на сиромаштија на околу 21 отсто, а на рангирањето на корупција имаме скок од 105. на 66. место. Дека пензиите пораснаа за повеќе од 70 отсто, а најниските за повеќе од 90 отсто, социјалната помош, исто така, повеќе од 70 отсто, дека веројатно имаме најмногу медиуми меѓу тие земји гледано по број на жители во Европа. Дека веќе судовите не ги избира парламентарното мнозинство, како што беше во време на СДСМ, туку  постои многу посложен систем во кој влијанието на извршната власт е разбиено во најголема мера, особено по последните законски измени што влегоа во сила пред две-три години. Македонија, според официјалното рангирање на Светска банка, е петта во Европа и десетта во светот според условите за правење бизнис. Како држава, најлошо стоиме на индексите што се финансирани од Сорос, од типот „Репортери без граници“, „Фридом хаус“ и слични. „Бизнис инсајдер“ нѐ прогласи за земја со најниска ефективна даночна стапка на светот од 7,4 отсто. А консултантската куќа на ИБМ нѐ прогласи за земја со најмногу странски инвестиции по жител во Европа во последните две години. Направивме повеќе реформи во сите области од сите влади досега, и затоа ја добиваме поддршката од народот.

biznis

Овие работи никој не му ги кажал, а ако некој му ги каже, тој пак ќе им верува на тие што му се блиски, кои, очигледно, го набиваат само со лоши и многу лажни информации за нас за потоа да добијат пари од него за борбата против нас.

Што е резултатот од овие пари на Сорос во Македонија, радикализирање, антагонизирање и  поларизирање на односите до ниво на конфликт во Македонија. Од каменување на стотици и на стотици полицајци, напади со бетонски плочки и со железни прачки, до уништување владини објекти, парламентот, министерства, општини, споменици, државни објекти и полициски станици. Радикализација преку блокирање на сообраќајот во самите градови, до бркање странски инвеститори и целосно парализирање на земјата.

Пред неколку години се сретнавте со Сорос во Прага. За што разговаравте?

ГРУЕВСКИ: Таа средба беше кратка, 15-20 минути и беше во рамки на конференцијата за Декадата на Ромите, област во која Сорос, исто така, е активен и финансира повеќе проекти во повеќе држави. Сите присутни премиери и водачи на делегации имавме кратка средба со него и со неговиот тим, на која главна тема беа активностите на владата за помош на Ромите, поле во кое сме меѓу најуспешните во споредба со другите земји од Источна Европа, иако имаме уште многу работа. Сосема на крајот тој праша за процесот за наоѓање решение за името, укажа дека е добро побрзо да се реши ова прашање и укажа дека Папандреу ќе биде уште кратко премиер и дека потоа ќе е потешко за решавање, нешто што го знаевме, но, за жал, за клучните аспекти од проблемот и Папандреу ги држеше истите и добро познати црвени линии на Грција, кои во Македонија се неприфатливи. Кажа и неколку други детали од овој процес, од кој видов дека е добро запознаен. Друго не разговаравме, немаше ниту време, ниту се чувствуваше подготвеност за тоа.

gruevski centar zupa

Сорос е остар критичар на националистичките влади. Вас Ве следи таква аура од почетокот…

ГРУЕВСКИ: Сликата за нас дека сме националисти е искривена и невистинита. Под зборот националисти тие сакаат да нѐ прикажат како шовинисти, луѓе што освен што ја сакаат својата нација, сакаат да ѝ наштетат на друга или ја мразат, не гледајќи ги припадниците на другата нација како луѓе и човечки суштества, туку само како дел од некоја етничка заедница или држава. Национализмот, традиционално, се смета за приврзаност кон својата земја, а во последно време, од некои кругови, добива негативна конотација. Шовинизмот е омраза кон другите.  Значи, Сорос и другите сосема неправедно делат етикети за шовинизам, на влада и партија што е мултиетничка, земја во која има соживот и толеранција. Тоа ВМРО-ДПМНЕ ниту било, ниту сега е. Тоа не сум јас. Никој не може да знае подобро за мене од мене самиот. Но, не се сомневам дека цицачи на пари од Сорос ни направиле таков портрет и дека повремено, со полуинформации, со дезинформации, со извртени информации, како што прават во нашата јавност, го дополнуваат и кај него.

gruevski 2

Со оглед на тоа дека кај нас овој збор најчесто се користи во смисла на меѓуетничките односи и релации, ќе се осврнам и ќе аргументирам во тој дел. Јас, колку што се сеќавам, токму партијата што Сорос индиректно или директно ја поддржува, СДСМ, токму таа партија во деведесеттите години ги тепаше Албанците во Гостивар поради поставување нивно знаме пред општината и ги затвори политичарите што го направија тоа. И, колку што знам, токму ВМРО-ДПМНЕ ги ослободи тие политички затвореници и донесе Закон за употреба на знамињата на етничките заедници со кои се овозможи нивна легална употреба. Јас, колку што знам, токму СДСМ во деведесеттите години ги тепаше Албанците кога формираа свој универзитет во Тетово, па дури кога им требаа да ги донесат на власт по 2002 година им го легализираа. ВМРО-ДПМНЕ го поддржа првиот универзитет на албански јазик – Штуловиот универзитет и до денес го поддржуваме преку средства од буџетот, како негово кофинансирање.

drzaven-univerzitet-tetovo

Згора на тоа, поддржавме уште еден нов универзитет, кој ќе биде доминантно на албански јазик во Скопје, а ќе се учи и на македонски и на албански јазик, Универзитетот „Мајка Тереза“. Кога се гласаше во парламентот за Тетовскиот универзитет во 2004 година остро се спротивставивме на фактот што се гледаше дека се прави без да се внимава на квалитетот на универзитетот. Денес тоа околу квалитетот е повеќе од јасно и никој не го спори, особено не по националното рангирање, кое го прави една од најпознатите меѓународни институции во светот, од што се гледа дека на тој универзитет има многу работи да се поправат кај квалитетот, што е, пред сѐ, во интерес на Албанците во Македонија бидејќи тие ако се со помало знаење ќе бидат помалку конкурентни на пазарот на работна сила. Но, во интерес е и на Македонците, за да имаме поконкурентни сограѓани Албанци и да се бориме со идеи, знаење, а не со примитивни нешта и за заеднички да бидеме меѓународно конкурентни како држава. Лично, со голем ентузијазам ја  промовирав одлуката за новиот Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, иако првите чекори што се направија потоа во правец на основањето, откако јас излегов од владата, не ветуваат дека ќе биде поквалитетен од Тетовскиот универзитет. Но, со оглед на тоа дека е во рана фаза, сѐ уште има некои можности за подобрување ако има политичка волја за тоа. Мојата желба и план беше да се направи меѓународно конкурентен универзитет, елитен во смисла на знаењето и на вештините, а не втор Тетовски универзитет. Не им се прави услуга на Албанците ако се направи уште еден универзитет со ниски стандарди и квалитет. Но, за тоа во друга пригода. И да се навратам на почетокот на прашањето. Каде е тука сликата на национализам и на шовинизам што сакаат да ја изградат за нас и по што Сорос би заклучил дека сме такви. Нема реална основа за ништо од ова.

Зборувате за владините проекти за поддршка на меѓуетничките односи и релации, за Законот за употреба на знамињата на етничките заедници со кои се овозможи нивна легална употреба, и за поддршката на Албанците во образованието. Но, и Вашиот имиџ е обременет со истиот товар – важите за националист, наспроти напорите на Сорос во тој правец…

ГРУЕВСКИ: Така е, ќе се вратам на стереотипот дека ние сме националисти, особено кон Албанците.

Колку што знам, токму во време на ВМРО-ДПМНЕ се донесе Закон за употребата на јазиците, а не во време на СДСМ, а за уставните амандмани во овој правец заеднички гласавме во 2002 година.

И со ништо не сме го спречиле нивното спроведување. Значи, тие што ги тепаа и затвораа поради поставено знаме, поради отворен универзитет, не се националисти, а тие што ги ослободија политичките затвореници со специјален Закон за амнестија, кои донесоа Закон за употреба на знамињата, кои отвораат без проблеми универзитети на кои може да се учи на албански јазик, и уште се борат тие да се поквалитетни, и тие што донесоа Закон за употреба на јазиците, кој со ништо не го спречија во неговото спроведување, тие се националисти. Види мајката. А, да не е, можеби, така затоа што секојдневно медиумите финансирани од Сорос им го говорат тоа на Албанците?

Зошто не бевме националисти кога донесовме Закон за администрација пред две години со прецизни одредби за правичната застапеност на етничките заедници во секоја институција на државната администрација за при примањето на работа да се внимава на тоа и за тоа се изработи софтвер со прецизно направена формула. Значи прецизно одредено со закон.

gruevskisipkovica

Што не бев јас националист кога доцна во ноќта во август 2015 година прв од сите политичари во земјата стигнав во Шипковица, во Мала и во Голема Речица, кога требаше да им се помогне на луѓето, да се спасуваат преживеаните, да се трага по исчезнатите, да се помогне со сѐ, на настраданите куќи, да се донесе механизација од цела држава, да се вклучи војската, да се донесат огромни спасувачки тимови, кога по телефон ги разбудив сите директори и министри барајќи веднаш да се вклучат во акцијата. Го прави ли тоа националист, кој мрази некого или сака да му направи штета? Слично беше и лани со поплавите во Гази Баба, колку што помагавме кај Македонците, толку помагавме во албанските села и домаќинства… Како што се борам за Македонците кога се на мака, така се борам и за Албанците. Никогаш не сум ги двоел. Сѐ друго е пропаганда. Лажна и валкана политичка пропаганда на неспособни луѓе.

Често се споменува дека има различен аршин при инвестирањетоод буџетот. Дали е така?

vlado-misajlovski-int211-gruevski-2

ГРУЕВСКИ: Не е точно. Секаде се инвестира и се внимава да е етнички урамнотежено. Зошто не сум националист кога на влада предлагам или поддржувам градби на патишта, водовод и канализациски мрежи, пречистителни станици во места населени со Албанци, или зошто не сум националист кога Албанците во Македонија, како и другите првпат видоа поддршка преку субвенции, видно зголемување на пензиите и на социјалната помош, донесување фабрики што отвораат нови работни места, како „Леар“ во Тетово, или многуте во Скопје, како „ОДВ електрик“ и „Костал“ во струшко-охридскиот регион, или „Ки сејфти системс“ во Кичево, и кои отвораат многу работни места и перспектива за сите, вклучувајќи ги и Албанците. Се сеќава ли некој некогаш СДСМ, било за Албанците, било за Македонците, да привлекол и отворил новоизградена фабрика во која ќе се вработат илјада, две или три илјади луѓе? Не се сеќавате затоа што нема такво нешто. Или СДСМ да дал субвенции на земјоделците, или повисоки пензии на пензионерите. Епа, зошто го прават тоа „националистите“, а не и СДСМ? И да видиме кој е сега националист, кога ќе ги погледнеме сите овие факти и аргументи.

Сепак  чувството на националист и за Вас се засили на последните избори кога се спротивставивте на двојазичноста на целата територија, кантонизацијата и на промената на Уставот во тој правец…

ГРУЕВСКИ: На последните избори СДСМ отиде со понуда кон Албанците која нема да им го подобри животот, но звучи примамливо на прв поглед, особено кога некој друг вели не. Албанците во Македонија се околу 25 отсто, Македонците околу 65 отсто. 25 и 65 не е ни исто ни приближно. За да имате двојазичност на целата територија, потребно е процентите да се изедначени или приближни, што не е случај. Второ, потребно е населението да е измешано низ целата земја и низ сите поголеми градови и села, што, исто така, не е случај во Македонија. Што корист ќе има Албанец ако во Делчево, Гевгелија, Струмица или во Кавадарци има двојазичност. Таму каде што им е потребна и корисна двојазичноста, таму ја имаат. И така треба. Тоа е правилен концепт. Ако во тој концепт нешто недостига, тоа може да се дебатира или подобри, но со закон да ја тераш повеќе од пола земја да учи албански јазик, кој нема допирна точка со македонскиот, е нелогично барање. Јазик се учи ако ти треба. Што му треба на некој во Берово, во Крива Паланка или во Демир Капија да учи албански кога во цел град или нема ниеден или има многу малку Албанци. Како ние, политичарите би им ја објасниле на граѓаните таквата одлука. Згора на сѐ, тоа чини многу и финансиски. Ајде вака да кажеме, ајде да замислиме дека политичарите во Македонија ќе донесат одлука со која сите Албанци ќе мора да научат турски или влашки. Сакале-не сакале, им требало или не им требало. Затоа што некому му паднало на памет дека така ќе освои повеќе гласови или некој му кажал така. Генерално, познавањето јазик е позитивна работа и на доброволна основа секој може да прави сѐ, и државата треба да го поттикне тоа, но сосема поинаку е да мора секој да го учи. Уште повеќе што зад идејата за двојазичност на целата територија се криеше следната идеја или план, планот за кантонизација, што не беше препознатлив само преку настапите на Заев во Швајцарија, туку и во нивната програма користејќи вокабулар кој е прикривачки, но суштината иста.

vmro-sobir-boris-trajkovski

Што најмногу Ве плаши кај концептот на кантонизација?

ГРУЕВСКИ: Растурање на државата.

 Зошто? Како не се растури Швајцарија или Белгија?

ГРУЕВСКИ: Има огромна разлика меѓу нив и нас. Прво, ние живееме во турбулентен регион, со многу радикални структури и многу конфликти во историјата. Со дел од соседи кои, како и низ историјата, сѐ уште на Македонија или на дел од неа гледаат како можен плен во иднина. Не е случајно што македонското прашање сѐ уште не е затворено.

Кантонот е држава во држава, која има право на самоопределување до отцепување. А, ова е Балкан. Ние немаме по 60 илјади евра БДП по глава на жител, па тоа да ни е кохезивен фактор. Погледнете ја Босна, и таа е кантонска земја. Нека падне Белгија или Швајцарија на 5-6 илјади евра БДП по глава на жител, па ќе видите што ќе се случи со кантоните. Значи, мојот став и ставот на ВМРО не е против Албанците, туку во правец на зачувување на целовитоста и унитарноста на државата. И секој Албанец што сака да живее во оваа земја, а не во друга, треба да знае дека ние сме на негова страна, а не против него.

Федерациите и кантоните на Балканот и во источна Европа немале голем успех и обично тие делови од историјата завршувале со многу насилство, таков беше случајот и со Југославија, таков е и случајот со Босна, и со многу други примери. Она што го посакуваме е Македонија да има унитарност и територијален интегритет како Естонија и Летонија, земји кои се демократски, кои припаѓаат на НАТО и на ЕУ, со човекови права за сите, а Македонија покажа дека е подготвена да оди и подалеку во малцинските права од овие земји, кои се силно приврзани за евроатлантските интеграции. Македонија, впрочем, може да послужи како позитивен пример за многу европски држави на тој план. Значи, Македонија ќе го развива својот концепт на мултикултурност и толеранција, без процеси на федерализација и кантонизација затоа што тоа може да доведе до фрагментација на државата.

Но, да се вратиме на првичното прашање, а тоа е дека веројатно не сме дел од концептот и идеологијата на Сорос затоа што сме националисти. Не е националист тој што си ја сака државата и е внимателен да не се распадне. Тој може да е само добар патриот. Ако и тука со Сорос имаме разлики, а можно е да имаме, тогаш, дефинитивно, имаме идеолошки разлики.

vmro-sobir-boris-trajkovski-10

Зошто мислите дека е можно да имате разлики околу патриотизмот?

ГРУЕВСКИ: Затоа што една од активностите на Соросовите невладини организации е врбување на поспособните млади луѓе низ универзитетите, од сите етнички и религиски припадности, и нивна класична индоктринација преку предавања, меѓу другото, за концептот на држава и национална припадност, а во правец дека не треба да се чувствуваат Македонци, туку граѓани на светот, утопистичка идеја која никаде не функционира, а ние треба да сме експеримент и да ја загубиме државата со таков однос кон неа. Дел од луѓето што заталкале на такви предавања, а примамени од понуди за бесплатни патувања низ светот и лесна заработка со одржување на неколку студентски предавања, ми раскажуваа подробно за оваа индоктринација. Граѓанин на светот добро звучи, ама не е реалност. Еве за почеток нека проба Сорос во Америка да ги убеди Американците дека не се Американци, туку граѓани на светот, па потоа Британците, Французите, Германците, Италијанците, Русите, Кинезите, Јапонците, Бразилците… ако му  успее идејата таму, нека дојде кај нас. Додека тој ја тера агендата кај нас, некои во нашето опкружување ги сукаат мустаќите предручек. Ако не верува, нека поживее некој месец во регионот, да го запознае лично, а не преку извештаи на корисниците на неговите пари, на кои им верува сѐ. Во време во кое има 35 активни војни за територии во светот, во време кога ни упаѓаат терористичко- криминални групи со цел да запоседнат дел од територијата на нашата држава, со оружје посовремено од нашата полиција, во време кога излегуваат разноразни извештаи на поранешни разузнавачи дека ќе се прекројуваат граници на Балканот, при што Македонија е посочена како земја од која треба да се намали еден дел, во време кога не ни ги признаваат идентитетот и името, Соросовите невладини организации пропагираат и наметнуваат чувство на срам и тоа го прикажуваат како да е под чест да се има цврст став за вакви теми. И се борат со сите сили да нѐ симнат од власт за полесно да тераат со СДСМ. Па, со таа цел нѐ прават националисти, недемократи, режим, криминалци, лоши луѓе, ни спинуваат, ни вадат од контекст…

Нашиот концепт е дека му припаѓаме на светот на човештвото, и на тоа имаме подеднакво право како и сите други, истовремено припаѓајќи кон својот народ, кон својот град, кон својата држава. Глобалниот идентитет не треба да ги негира, да ги исклучува националниот и државниот идентитет, туку тие треба да се надополнуваат, да бидат комплементарни.

gruevski-pelenica-sobir2

Во суштина, она по што се разликуваме од тоа за што се залагаат Сорос и неговите послуги не е ставот дека луѓето се граѓани на светот, нешто со што во потполност се согласуваме, туку реалноста во која неговата агенда сака да ги избрише и релативизира државите, државните и националните идентитети кои постојат со векови, за кои се врзани многу емоции, чувства и обележја.

Знаете, во една смисла, тоа што сакаат да ни наметнат дека сме националисти, и делумно успешно го направија тоа, во голема мера ме потсетува на она што му се случуваше на новиот американски претседател Доналд Трамп. Деновиве ја читав неговата книга, свежо ми е, и затоа ќе повлечам една паралела. Низ кампањата во Америка, и таму и кај нас многу медиуми пренесуваа дека Трамп е против Мексиканците, дека Трамп е против Американците од Јужна и од Средна Америка што говорат шпански, дека е против имигрантите, против Црнците, итн. Со обзир дека не секој има време и можности детално да чита и анализира, претпоставувам многу неинформирани гласачи гласаа против него верувајќи дека навистина го кажал тоа. Читајќи ја внимателно книгата „Повторно величествена“, се уверив дека Трамп не говори така. Тој вели треба да ја сузбие нелегалната миграција, која во Америка е огромна и во најголем дел доаѓа од Мексико и од земјите со латински јазици од Јужна и од Средна Америка. Но, истовремено вели тој, парафразирам, дека приливот на имигранти што доаѓаат да живеат и да работат во Америка не треба да запре, напротив треба да се зголемат годишните квоти на имигранти од сите земји, да се поедностават, да се издаваат побрзо и поефикасно, вклучувајќи ги и Мексико и Јужна и Средна Америка, но, по легален пат, а не илегално затоа што обично преку илегалното доаѓање се спровнуваат, покрај чесни и работливи луѓе, и многу криминалци, бивши затвореници за дрога, кражби, убиства, силувања и слично, и на тој начин некои држави им ги испраќаат најлошите луѓе и се ослободуваат од нив, а тие во Америка ги трпат секојдневно последиците во секоја смисла.

sobir-vmro1-500

А, што пренесуваа медиумите? Дека Трамп рекол оти е против Мексиканците, против имигрантите, дека имигрантите се силувачи и убијци итн. Значи, тотално вадење од контекст на една добра и благородна идеја, нешто што секој здраворазумен човек би го поддржал, но ако така стигне до него, како што е кажано. Тој додава дека на негова страна ќе се чесните и способни Мексиканци, Кинези и луѓе од други земји што не сакаат да дојдат во Америка заради криминал или живот со социјална издршка од државата, туку чесно да влезат во системот и да придонесат во издигнување на државата, а притоа да си обезбедат подобар живот за себе…

 Која е паралелата со нас?

ГРУЕВСКИ: Паралелата е со нашиот наводен национализам кон Албанците. Токму ние ги имаме направено најважните работи за нашите граѓани Албанци, никогаш не сум кажал ниту еден лош збор за нив, еве погледнете ги моите настапи за Албанците на митинзите во Штип, во Гази Баба, во Крушево, во Карпош, Велес… и на други места, каде што малку подолго го елаборирав тоа што го мислам за предлогот на Заев и за Албанците. Но, тоа не го имаат чуено Албанците, ним некои медиуми и политичари што се мои противници им врежаа во глава дека ги мразам Албанците, дека сум против нив, дека сум против албанскиот јазик, универзитети, знаме и слично, што е невистина. Тотална невистина. Не само што е невистина, туку е и обратно. И видете, тоа го говорат од СДСМ, партија која во минатото на дело покажа антиалбанство.

Значи, паралелата е во спинувањето, во лагите на медиумите и во политичкиот противник без ниту еден факт…

Не мислите ли дека и вие имате дел од вината што дозволивте толку долго време да се распространи мислењето дека сте националисти?

ГРУЕВСКИ: За тоа апсолутно сте во право. Како партија долг период стоевме како неми набљудувачи, а некогаш дури и не слушавме какви лаги и интриги ни прават меѓу албанскиот електорат не само медиумите финасирани од Сорос, туку често и некои албански политичари кои својата неспособност и неисполнетите ветувања пред албанскиот електорат секогаш ги фрлаа на контото на ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како поголем партнер во владата го попречил тоа и тоа. И ова не го претпоставувам, туку го знам. Некои албански политичари и ми го признале неформално. И сето тоа, не само што беше неточно туку и никој не го демантираше. По ова прашање покренав некои иницијативи во партијата пред година-две, но не наидоа на поддршка, и тоа меѓу другото придонесе да продолжи да се креира лажна и црна слика меѓу Албанците за ВМРО-ДПМНЕ. Да потсетам, колку што се присутни во македонските уште поприсутни се парите на Сорос во албанските медиуми.

Гледано и историски, ВМРО-ДПМНЕ како организација никогаш не била насочена против Албанците, а не е ни денес, но е претпазлива од намерите на некои радикални структури од тука и од надвор.

Но, да ја оставиме сега историјата, ќе навлеземе во други води. Само да потенцирам, да си патриот не значи да си анти-Албанец, или антизападно ориентиран. Исто така, ако си патриот-Македонец не значи дека си против Запад, ЕУ, НАТО и Америка, а ако си патриот-Албанец си прозападно и проевропски ориентиран или дека ги поддржуваш НАТО и САД. Глупости се тоа. Валкана политичка и платеничка пропаганда.

Дали мислите дека Сорос знае за Вашите реакции, како оваа, вие и во минатото сте го спомнувале иако не вака во специјално интервју?

ГРУЕВСКИ: Да, знае, сигурен сум дека знае. Веројатно е и лут за тоа и иритиран и дополнително мотивиран да фрла пари против нас, а уште повеќе затоа што тие што му пренесуваат или му праќаат извештаи, ги прават така што да го погодат дополнително и дополнително да го мотивираат да биде против нас. И нормално, да им даде уште пари за нивната борба, којашто, всушност, е чиста внатреполитичка борба и борба за пари, платеничка борба. Затоа велам дека, настрана идеолошката разлика, тоа е една димензија и константа, проблемот е што Сорос константно го полнат со лажни и неточни информации, искривена вистина и онаква каква сака за нас да ја пласира СДСМ. Тој потоа, преку своето влијание во владите и администрациите на повеќе земји, дополнително е мотивиран да ни прави проблеми и дополнително ги индоктринира тие влади против нас.

gruevski-na-bina

Се прашувам како еднаш не се запрашал за тоа, дали тој и неговиот тим можеби нешто погрешиле против нас кога толку многу пати политичките елити кои ги поддржува губат од народот, па еве и покрај сите околности и игри кои ни беа направени во последните две години, и покрај ангажманот на толку многу фактори од надвор, народот повторно му даде поголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ отколку на СДСМ, и покрај сета помош, парите и логистиката што ги доби СДСМ и со кои купуваше гласови на граѓани од ромската заедница и други посиромашни граѓани, и ја финасираше својата кампања и кампањата на некои други помали коалиции. Јас да сум на негово место, после толку години трошење пари и инвестирање, би нашол начин да си ја преиспитам политиката, да си ги проверам фактите и ако сум згрешил, да се коригирам.

Или еве еден најпрост пример: невладините еколошки организации финасирани од Сорос протестираат против загаденоста на воздухот само во општините каде градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, а ако градоначалникот е од СДСМ, никаде ги нема. Еве, деновиве излезе дека во моментов во Куманово има најзагаден воздух во Европа. Е, за таму нема реакции и протести, иако локалниот градоначалник од СДСМ и покрај многуте ветувања со прст нема мрднато. Тоа е двојниот аршин и нечесниот пристап. СДСМ е на власт во Куманово 25 години. Лажеа дека го гасифицирале цело Куманово, и на крајот кога почна да се мери загаденоста на воздухот, излезе дека Куманово е најзагаден град. Но, на НВО на Сорос тоа не им пречи. Затоа пак утре ако излезе дека Скопје или Битола е со најзагаден воздух, ќе стане главна тема во државата и за Сорос и за СДСМ и за сите нивни платенички и корумпирани новинари, медиуми и аналитичари.

Рековте да сте на негово место, после сѐ, и после толку години поддршката на народот да ја добива ВМРО-ДПМНЕ,  би се преиспитале. Мислите тој ќе го направи тоа?

ГРУЕВСКИ: Не знам, не верувам… Можеби во некои држави бил во право за нешто, не знам, не сум ги проучил сите, па да оценам, но во Македонија направи катастрофална проценка на ситуацијата и голема грешка, потроши милиони долари за обратни цели од оние за кои јавно се залага. А што мисли за нас гледам од медиумите кои ги финасира и надвор и во Македонија, гледам и слушам и од настапите на неговиот пулен Милчин и од разни извештаи на влади и институции кои ги подржува. Многу греши за Македонија, а троши 10 отсто од парите за  цела Европа, токму во Македонија со 2 милиони жители. Знаете, 7 милиони евра годишно во двамилионска земја, каков еквивалент се, на пример, со земја како Америка, која по број на жители е 160 пати поголема од Македонија и плус има 11 пати поголем БДП по глава на жител. Еквивалент на овие пари за Америка не се милиони, туку милијарди долари.

gruevski 2

А би сакал некогаш да го прашам знае ли тој дека цела деценија се бориме да обезбедиме вработување и парче леп, плата од 300-400 долари за работниците и нивните деца кои неговиот СДСМ ги отпушти во транзицијата за корумпираните тајкуни блиски до нив да ги приграбат државните фабрики и  да поделат дел од валканата заработка со партијата која тоа им го овозможи. Знае ли Сорос дека во Македонија 25 години ја подржува поранешната комунистичка партија, која само го смени името, и ништо повеќе. Партија чии перјаници во комунизмот биле соработници и поткажувачи на тајните служби и заради нив илјадници луѓе лежеле по затвори, бидејќи изразиле различно политичко мислење од она на официјалниот режим, а меѓу нив бил и неговиот долгогодишен човек од доверба тука во Македонија, Владимир Милчин. Или пак му верува дека наместо кодош бил само жртва а ние ,,вмровците од затвореното општество“ сме го наместиле бидејќи се бори за идеите на Сорос за отворено општество. Нека прати некој друг негов човек во Комисијата за лустрација да му дадат да прочита во оргинал кој му ги цица парите 25 години и кој му ја полни главата. Не само за него, туку и многу други негови соработници. Свесен ли е Сорос дека под својата чадор-организација ги ангажира сите активни поранешни агенти на УДБА од комунизмот и со нив сака да ни всадува демократија. Луѓе кои живееле и напредувале во кариерите од политичко кодошење, денес ги има впрегнато во неговата платеничка машинерија да работат против ВМРО-ДПМЕ и против Македонија. Да нѐ закрват, да нѐ раскараат и поделени и политички завојувани сами да си ја уништиме државата.

Го прашувам Сорос, со ангажманот на поранешните комунистички удбаши и нивните соработници кодоши, кои вредности во Македонија ги промовира тој. Вредностите на луѓето кои како поранешни удбаши се изживувале со народот на недомкратски начин и со нивните соработници поткажувачи кои напредувале и се богателе со кодошење на секој кој кажал нешто политички негативно за поранешниот комунистички режим? Тие ли вредности ги застапува? Со тие ли луѓе ќе го отвори општеството? Во неговите натписи, колумни и слично ни зборува за демократија и слобода, а во Македонија на терен спроведува спротивно од тоа, со луѓе чие минато може со сѐ да се спореди освен со слобода и демократија. Му го кажал ли некој тоа? Пред неколку години прати некој тим да испитал како работи неговата фондација. Знаете ли со кого разговараше тој тим? Па 80-90 осто со вакви луѓе и нивни политички истомисленици, оние што се платени на два дена да пишуваат колумни со најпоградна содржина за нас. Можам само да замислам каков сладок извештај добил потоа…

И свесен ли е дека со неговите пари уништува огромен број млади генерации, кои намамени со неговите пари, се имаат ставено под команда, индоктринација и влијание на овие психопати од комунизмот?

Кога сме веќе кај Сорос, колку мислите дека има информации за актуелната ситуација, за СЈО и слично?

ГРУЕВСКИ: Ќе повторам, Сорос има многу информации за Македонија, многу повеќе отколку што се мисли, но има погрешни информации и погрешни анализи, а како резултат на тоа и донесува погрешни проценки и одлуки. На пример, за вашето прашање за СЈО, тој сигурно знае дека постои СЈО и што е тоа по дефиниција, што треба да работи и тоа му звучи правично и логично.

Но, седнал ли некогаш со специјалната обвинителка да поразговара и да види со кого си имаме работа? Да му раскаже како нејзиниот невработен внук, кого неодамна таа си го вработи, ќе ги зајакне капацитетите на СЈО, како што таа јавно кажа, да му раскаже како прима инструкции од амбасади со кого да се види со кого не, и против кого и кои обвиненија да ги отвори, а оттаму прават проценки кого политички да елиминира преку алатката СЈО? Бил или не бил виновен за ништо, па ако не им успее да го обвинат судството, да му раскаже специјалната обвинителка како бараше цел месец да нема рочишта на суд оти ќе правела свадба на ќерката, и да ја види нејзината членска книшка од СДСМ потпишана лично од Бранко Црвенковски, како и нејзините трасакциски уплати на партиска членарина преку банкарски налог, па ако сака, и графолог од Америка нека донесе за да ги спореди потписот на Црвенковски во нејзината членска книшка со кој било друг негов официјален потпис, да ја види како бега од медиумите кои не се под контрола на СДСМ односно негова котрола, да го види и нејзиното легендарно интервју на МРТВ кога 6 пати ја враќаа за да каже една проста реченица, да види како покренала обвинение против мене за наводна шлаканица која никогаш никому не му била удрена и како одиме на судења без еден елементарен доказ, чијашто цел е наша компромитација со влегувањето и излегувањето од судот, да ја чуе како вреска по судовите како недоделкана сакајќи зад повишениот тон да го затскрие своето незнаење и неспособност во спроведувањето на политички и партиски мотивираните процеси…

vmro-izbori-pres-gruevski-2

Знае ли Сорос како во минатото СДСМ избираше судии и дека сака повторно на истиот начин да ги избира? Тоа е реформата која ја посакуваат, да ги разрешеле сите судии и нови да назначеле кои ќе тераат и по задача од нивнaта партија, и по сигнал од некоја амбасада. Таква ли демократија сака Сорос да ни насади во Македонија? Затоа велам, ако Сорос смета дека прави добро во Македонија, мора да е во тешка заблуда. Тој суди, а не живее тука, не престојувал тука, и чита само од извештаи препраќани од еден на друг на трет.
Како ќе продолжи Вашата борба и Вашето справување со активностите на Сорос во Македонија насочени директно кон Вашата партија?

ГРУЕВСКИ: Како и досега, со чесен пристап кон народот, со отворено кажување на фактите и аргументите, со континуирано  надградување на нашата демократија, со труд и работа за напредок на државата и гаѓаните, со исполнување на дадените ветувања, со решавање на проблемите на народот. Колку и да е посилен и помоќен во однос на финансиската моќ и политичките влијанија, независно дали дејствува во заблуда или ја знае вистинита и свесно делува, нема да успее на ваков начин, затоа што правдата е на наша страна. Кои и да му се мотивите, нашата борба е чесна и праведна. И никогаш нема да запре, и нема да не оттргне од вистинскиот пат и зацртаните цели. Нема да не оттргне од Македонија.

ВМРO-ДПМНЕ ќе го надживее и Сорос и неговите надворешни и внатрешни слуги и платеници.

Top