среда, 16 август 2017 | Вести денес: 76 ново

Овој занает носи и до 1200 евра месечно: Марија дебело ја наплаќа својата работа

Од старите занаети во Србија може убаво да се живее, гледајќи на тоа дека вештите раце можат да донесат и заработка од 1.200 евра месечно. Пример за тоа е Марија Иванковиќ Јуриќ од Шабац, која везе, ткае и плете облека.

– Има многу работа па поради тоа планирам и да вработам уште жени. Заработувам доволно да ги покријам трошоците од закупот, кој е 1.500 евра до исплата на платите. Она што е најважно е дека немам земено кредити и заеми. Покрај се останува доволно за вложување и проширување на работата – вели Марија, која лани од Министерството за трговија, туризам и телекомуникација, добила субвенции во износ од 100.000 динари.

kaput zima pletenje zanaet

Уникатната гардероба, произведена во нејзината работилница ја продава во Виена и Амстердам.

– Кога во 2007 година влегов во претприемачките води, мојата идеја беше на жените да им понудам уникатни и традиционални модели за носење но и опремување на простор. После девет години претприемништво сигурна сум дека секој кој има вешти раце и се занимава со некој занает може дебело да си го наплати својот труд – рекла таа.

 

Top