недела, 17 декември 2017 | Вести денес: 84 ново

Договорот е постигнат се чека само потпис, Бабунски ќе го засили Бурсаспор

david-babunski

Недостига само официјализација, но откако се раздели со Црвена Звезда и со проштално писмо од сите навивачи на славниoт клуб од Белград, Давид Бабунски е нов член на турскиот суперлигаш Бурсаспор.

Во потрага по поголема минутажа еден од клучните фудбалери на младата репрезентација на Македонија, ја одбра турската Суперлига за напредок во кариерата. Голем број турски медиуми и форуми блиски до Бурсаспор објавија дека Бабунски ги договорил сите детаљи и наскоро трансферот ќе стане официјален.

22-годишниот Давид Бабунски би требало да игра во континуитет во новиот клуб, со што во добра форма ќе го дочека Европското првенство за фудбалери до 21 година од 16 до 30 јуни оваа година во Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top