петок, 26 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Лоренцо за односот со Роси: Не можам да бидам пријател со најголемиот конкурент

rosi i lorenco

Седум години Валентино Роси и Хорхе Лоренцо беа цимери во гаражата на Јамаха. Односот помеѓу двајцата поранешни светски шампиони одамна е нарушен. За топло-ладно врската говореа и двајцата во различни прилики, а Лоренцо смета дека нивниот однос ќе се поправи откако ќе возат за различни тимови.

– Нашиот однос беше сличен како помеѓу Сена и Прост во Формула 1. Не е лесно кога сакате да го победите возачот кој има идентичен мотор или болид. Тешко е да се биде пријател со возачот кој сакате да го уништите. Роси и јас и понатаму ќе се натпреваруваме во иста категорија, но сега на различни машини. Тоа е многу поинаку од досегашната ситуација – истакна Лоренцо кој од оваа сезона ќе вози на машината на Дукати.

Роси пак е среќен за пристојната разделба меѓу него и, сега веќе поранешниот, тимски колега.

– Ова беше добар момент. По крајот на 2015 година нашите односи се влошија. Многу време поминавме заедно, а по трката во Валенсија (последна за сезоната) тој ми пријде и разговаравме. Тоа беше убав гест и среќен сум поради начинот на кој заврши нашата приказна во Јамаха. Тоа е знак дека нашиот однос се враќа на добар пат – останува оптимист Роси.

Top