недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 1 ново

Американски тенкови и специјалци пристигнуваат во Полска по наводна закана од Русија (Видео)

Американски тенкови и оклопни возила со повеќе од 3.000 војници почнаа од утрово да пристигнуваат во Полска, јави Би-Би-Си.

Тие се дел од одговор на американскиот претседател Барак Обама на загриженоста на НАТО сојузниците поради Русија.

Ова е најголемо американско ангажирање во Европа во изминатите неколку децении. Повеќе од 80 тенкови и стотина оклопни возила пристигнаа во Германија и сега се префрлуваат кон Источна Европа по патишта и железница, наведува Би-Би-Си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top