недела, 23 април 2017 | Вести денес: 48 ново

Ги изненади сите – ќерката на Трамп се повлече од семејниот бизнис!

iva

Иванка Трамп, ќерка на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, ненадејно се повлече од семејниот бизнис. Својата одлука Иванка ја објави вчера на Фејсбук.

-Откако мојот татко и официјално стапи на претседателската функција, јас веќе нема да бидам вклучена во работи околу управувањето на компанијата. Уверена сум дека нашата компанија ќе продолжи да оди по патот на развојот- ­ напиша таа.

iva2

Американските медиуми пишуваат дека овој потег може да се гледа и од друг агол. Тие тврдат дека Иванка ќе биде таа што ќе го заземе местото на прва дама, а не нејзината маќеа Меланија. Во прилог на тоа оди и фактот што Доналд Трамп ја водеше својата ќерка на состанок со јапонскиот премиер, но и тоа дека Иванка можеби беше клучниот дел од кампањата на Трамп што успеа да привлече многу млади Американци да гласаат за него.

Top