среда, 26 јули 2017 | Вести денес: 38 ново

Проверете дали сте меѓу нив: Велат дека ова се најинтелигентните хороскопски знаци

1. Близнаци

Од рана возраст сакаат да истражуваат и испитуваат. Тие се многу љубопитни по природа, па се заинтересирани за многу работи од различни области, иако повеќето претпочитаат уметност. Тие се многу интелигентни и оттаму произлегува нивната духовитост. Поради оваа причина тие секогаш се опкружени со луѓе со кои можат да водат конструктивни разговори, па бараат интелигентен партнер со кои ќе бидат во можност да зборуваат за сѐ, бидејќи празните разговори не ги исполнуваат.

2. Скорпија

Ниту едене хороскопски знак не е толку прониклив и интуитивен како Скорпијата. Речиси да нема во што нивниот продорен поглед и нагласеното шесто сетило не би можеле да навлезат. Тие секогаш имаат тенденција да ја почувствуваат длабочината, да гребнат под површината за да го сфатат вистинското значење. Со нив не се обидувајте да манипулирате бидејќи тие се оние кои го прават тоа, а многу лесно ги читаат туѓите мисли.

3. Стрелец

Виорни и со испитувачка природа како што се Стрелците секогаш имаат потреба да дознаат повеќе и често делуваат доста несериозно. Сепак, тие се и тоа како остроумни и знаат добро да ја проценат ситуацијата. Многу се друштвени и мајсторски знаат како да ги третираат луѓето. Немаат проблем уште на прва да ги приберат симпатиите кога ќе се најдат во ново друштво, а исто така и да проценат кој е кој. Меѓу членовите на овој знак, има голем број на научници, а математиката и природните науки им се појаката страна. Сакаат да инвестираат во себе и во својот интелект во текот на животот.

Top