вторник, 28 март 2017 | Вести денес: 110 ново

Германците ќе ги изедначат платите, еве на кој начин

Германската влада го усвои новиот закон кој ќе ги принуди компаниите да бидат потранспарентни во поглед на платите што им ги исплаќаат на мажите и на жените.

Германија настојува да го намали јазот во заработката меѓу различните полови.

Според новите прописи, работниците во компаниите со повеќе од 200 вработени ќе имаат право да знаат колку жените и мажите на исти позиции заработуваат, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Компаниите со повеќе од 500 вработени, исто така, ќе мора да објавуваат редовни записници за платната структура, со цел да покажат дека ги почитуваат прописите за еднакви плати.

Германската министерка за женски прашања, Мануела Швезиг, го поздрави законот за транспарентност на платите, карактеризирајќи го како „реален напредок“ кој ќе им помогне на милион жени во намалувањето на јазот во приходите.

Заработката на жените во Германија е за 21 процент помала од заработката на мажите, покажуваат податоците на Министерството, што е полошо во однос на европскиот просек од 16,5 проценти.

Top