петок, 24 февруари 2017 | Вести денес: 0 ново

Вечерва Македонија игра против Тунис во првиот настап на СП 2017

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го има својот прв настап на 25. Светското првенство што се одржува во Франција. Избраниците на селекторот Лино Червар за противник ќе го имаат Тунис.

Дуелот почнува во 17.45 часот во Мец, каде што се одржуваат сите натпревари од групата Б .

На другите две средби од 1. коло во оваа група се среќаваат:

Словенија – Ангола (14 часот) и Шпанија – Исланд (20:45 часот).

Покрај натпревари од групата Б, денеска во Нант ќе се одиграат и останатите два дуела од групата А. Двојките се: Русија – Јапонија (17:45 часот) и Полска – Норвешка (20:45 часот).

На првиот меч од оваа група, со кој беше отворен мундијалот, синоќа во Нант, домаќинот Франција го победи Бразил со 31:16.

Top