петок, 20 јануари 2017 | Вести денес: 102 ново

Убиецот на Јелена Марјановиќ е пред апсење – тврди балканскиот Нострадамус

jeca

Убиецот на српската пејачка Јелена Марјановиќ по извршеното убиство пробал да си го одземе животот. Тој уште размислува за самоубиство, но намерата нема да ја спроведе на дело. Но, овој случај ќе биде решен за 1,5 до 2 месеца и јавноста нема да биде многу изненадена кога ќе дознае кој го изврши свирепото убиство. Причина ­е тоа што крвникот веќе се појавуваше во медиумите. Ова за белградските медиуми го тврди босанскиот физијатар и парапсихолог, д-­р Мевлудин Дуванчиќ од Добој, во јавноста познат како балкански Нострадамус.

para2

­-Многу работи чувствувам, но не можам за тоа да зборувам јавно и детално. Тоа убиство ќе се реши пред годишнината. Полицијата веќе знае кој е извршителот. Во фокус се две лица, и сега чекаат конкретен потег на едниот од нив. Да се скрши, нешто да каже или да направи, за да бидат сигурни дека тоа е вистинскиот убиец- ­ објаснува тој.

Балканскиот Нострадамус додава дека Зоран и Јелена имале несреден брак и дека таа сакала да го напушти. За убиецот, вели дека е под голем притисок. ­

-Станува збор за исклучително посесивно и љубоморно лице, со големи психички проблеми. Тоа е подвоена личност која делумно е свесна, а делумно е несвесна за некои работи – ­ изјави Дуванчиќ.

Top