понеделник, 25 септември 2017 | Вести денес: 82 ново

Лина Ѓорческа е првата Македонка со победа на гранслем (видео)

Lina-Gjorceska-sport148-4

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа запиша историја за себе и за македонскиот тенис со победата во првото квалификациско коло на Австралија опен во 2017 година

Ѓорческа (202. место на листата на ВТА) стана првата Македонка со триумф на еден гранслем-турнир победувајќи ја во Мелбурн на стартот од квалификациите Американката Саша Викери (137. место на ВТА) во три сета.

Првиот сет го доби лесно со 6-2. Во вториот сет имаше предности и од 3-1, но сепак дозволи противничката да направи пресврт, па го загуби со 3-6 за да повторно доминира во третиот сет за победа од 6-3.

Лина Ѓорческа мечот го заврши со 11 аса, со освоени вкупно 99 поени, наспроти противничката која имаше 93 освоени поени. Нашата тенисерка имаше и 70 проценти успешност на првиот сервис, наспроти 65 проценти на Американката.

Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе се сретне со Унгарката Далма Галфи, која е на 160. место на ранг-листата на ВТА .

Во продолжение погледнете го видеото од последниот поен на историската победа на Лина.

Top