среда, 22 февруари 2017 | Вести денес: 83 ново

Џез-концерт на светски познатиот Милан Петровиќ квартет во „Јавна соба“

Во рамки на џез-програмата „Show Room“ во „Јавна соба“ на 14 јануари ќе настапи еден од најпознатите џез-бендови од регионот, „Милан Петровиќ квартет“.

Милан Петровиќ е пијанист, композитор и текстописец, но музичката кариера и популарноста ја базира на настапи по целиот регион со својот квартет. Во 2012 се појави авторскиот албум „Excursion“,  кој е изработен во соработка со 38 најпознати џез и блуз музичари од Европа (Васил Хаџиманов,  Душан Безуха, Wikluh Sky, Raw Hide, Blue Family и многу други) и за кој добива одлични критики на повеќе музички портали, меѓу кои и  Popboks.

Во „Јавна соба“ на 14 јануари со почеток во 21:30 часот ќе го претстават „Dates“, нивниот последен албум издаден во 2016 година, но и ќе ги изведат и своите хитови кои ѝ се одлично познати на македонската публика.

 

Уредник на програмата „Show Room“ е Марко Василевски, а продукцијата е на „Јавна соба“, која ги отвора вратите за сите социјално иновативни проекти.  „Show Room“ e отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез-сцена, која има за цел да го претстави музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.

 

 

Top