сабота, 25 март 2017 | Вести денес: 0 ново

Се разведуваат Игор и Северина, Александра ќе го остави Филип – пророштва на балканскиот Нострадамус

para

Парапсихологот Мевлудин Дуванчиќ, кој уште го нарекуваат и балкански Нострадамус, во емисијата кај Огнен Амиџиќ раскажал дека оваа година ќе биде фатална за многу бракови и врски на балканските ѕвезди.

Така, Северина и Игор Којиќ ќе го завршат својот брак, а извесено е и раскинувањето на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ.

Човекот кој на одредени јавни личности веќе им ја прорече судбината и предвиде бројни несреќи, немал убави вести за оваа година.-Оваа година за многумина ќе биде пресудна. Ќе има поплави, земјотреси, разни опасни вируси во целиот свет. Ништо подобро не ги очекува ниту јавните личности. Еве, на пример, Северина и Игор. Колку што јас гледам, тие силно работат да добијат принова, но нема да успеат во тоа. Јас гледам дека тие ќе се разделат. Исто така, ќе биде и со Александра и Филип. Ни нивната врска нема да успее – рекол парапсихологот.para2

Тој ја потсетил јавноста на работите кои ги предвидел, а навистина се случиле.

– Предвидев дека Халид Бешлиќ ќе има тешка сообраќајна несреќа. Кога тоа се случи Халид беше во кома и многумина мислеа дека нема да се извлече. Дури и лекарите беа скептични. Јас се јавив на неговото семејство и им реков дека ќе се разбуди за три дена и дека ќе може да јаде сам. Така и се случи – раскажал Мевлудин.

Тој своевремено, додека Северина беше во вонбрачна зедница со Милан Поповиќ, рече дека тие ќе се разделат и тоа штом пејачката роди син.

-Кога тоа го кажав имав закани од Поповиќ, и имаше сешто – рекол парапсихологот.

Додека параспихологот зборувал за тоа што се очекува од познатите во иднина, гостинката на Огнен, Маја Николиќ се пошегувала и го прашала за иднинатата на Огнен Амиџиќ, односно дали ќе остане во брак со манекенкатата Даниела Димитровска.

-Па нема ни тие да останат заедно. Така јас гледам – рекол Мевлудин.

После ова на Маја и станало непријатно, а Амиџиќ останал без текст.

Балканскиот Нострадамус тврди дека Ана Николиќ ќе има девојче, но и дека треба да се пази од спонтан абортус.

Top