вторник, 30 мај 2017 | Вести денес: 1 ново

Девет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

helikopterska nesrekja blace

По повод навршувањето девет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на Воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, денеска ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата пред Командата на ВБР во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце.

helikopterska nesrekja blace

Почит на загинатите ќе им оддадат делегации од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, ВБР, како и  членови на нивните семејства.

На одбележувањето на годишнината од загинувањето на припадниците на ВБР, на местото на хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, цвеќе ќе положи министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Top