недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 54 ново

Судир на два воза кај Нови Сад, повредени 22 лица (ВИДЕО)

Најмалку 22 патници се повредени вечерва на пругата Белград – Нови Сад, каде се случила железничката сообраќајна несреќа во која се судриле два воза. До судирот дошло околу 19:30, часот, а причината наводно се лошите временски услови и слабата видливост.

– Сите повредени се згрижени и пренесени во Ургентен центар за понатамошно лекување – изјавила д-р Билјана Васиќ, портпаролка на Брзата помош во Нови Сад, но не можела да го определи степенот на повредите.

Како што пренесува „Танјуг“, еден патнички воз со брзина од 15 километри на час удрил во товарен воз.

Машиновозачот не бил повреден.

Несреќата се случила меѓу железничките станици Сајлово – Кисач, во близина на Нови Сад.

Увидот е во тек, а на лице место се преставници на српските железници.

Top