понеделник, 23 јануари 2017 | Вести денес: 0 ново

Зад имиџот на домаќинка се крие скандалозно минато: Која е контроверзната жена на славниот фудбалер?

Откако го запозна Варди, таа потполно се промени и се обидува да изгради репутација на примерна домаќинка, но тоа не секогаш и оди од рака.

Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди, објави дека неговата сопруга Ребека се породила и на свет донела уште едно дете.

– Пресреќни сме што се роди нашето прекрасно момче во саботата вечерта. Мајката и бебето се чувствуваат одлично, напишал англискиот фудбалер на „Твитер“.

Ова е нивно второ заедничко дете. Парот веќе ја има двегодишната ќерка Софија, но и двајцата имаат деца од претходните врски. Ребека ја има ќерката Меган (11) и синот Тејлор (6) од претходните момчиња, додека Џејми со некогашната девојка ја доби ќерката Ела, којашто сега има шест години.
rebeka-vardi-1484078768-106005
Ребека инаку важи за една од најконтроверзните жени на фудбалери која често наидува на осуди од страна на британската јавност поради своето бурно минато. Сепак, откако таа го запознала Варди, се чини дека потполно е променета и сега се обидува да изгради репутација на вистинска и примерна домаќинка.
rebeka-vardi-1484078768-106003
Сепак, сосема својствено и во нејзин стил, минатиот месец таа објави свои разголени фотографии во поодмината бременост, после што повторно предизвика осудувања од страна на јавноста и тврдења дека не може да се промени и да биде мајка којашто нема да предизвикува скандали.

Hello Bump ❤️❤️ #bump #belly #pregnancy

A photo posted by Becky Vardy (@beckyvardy) on

Top