вторник, 30 мај 2017 | Вести денес: 1 ново

Алиоски номиниран во изборот за „Златните 11“ на 2016 во Швајцарија

alioski

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски и член на Лугано е номиниран во изборот за идеалниот тим во Првата фудбалска лига на Швајцарија за изминатата година.

И самата номинација е големо признание за нашиот интернационалец кој имаше година за памтење во која доживеја огромна трансформација. Од десен бек беше прекомандуван во нападот каде што немилосрадно ги решетеше противничките мрежи.

nominirani

Алиоски во моментов по првиот дел од тековниот шампионат во Швајцарија е прв стрелец на Лугано со 9 гола, а воедно трет голгетер во Првата лига. Идеалниот тим, односно дали Алиоски ќе се најде во него ќе биде познато на 30. јануари кога ќе бидат објавени резултатите.

Top