вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Интер нема да штеди, се подготвува уште побогата понуда за Берарди

berardi

Раководните лица на Интер повторно ќе се обидат да ги осигураат услугите на младиот напаѓач на Сасуоло, Доменико Берарди. Откако миланскиот клуб доби нови сопственици не се штедат пари за засилувања, а иако во своите редови донесе неколку квалитетни фудбалери, Интер се уште не успева да се врати на врвот на Серија А.

Затоа засилувања бараат и во овој зимски преоден рок, па челниците на “нероазурите” деновиве ќе испратат нова официјална понуда за репрезентативецот на Италија која нема да биде помала од 25 милиони евра и ќе биде попримамлива за Сасуоло од онаа која ја испратија летово.

Освен Интер, Италијанецот важи за голема желба и на раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top