недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 69 ново

Даштевски: Продолжувањето на рокот на СЈО ќе ја пролонгира кризата

dashtevski

Продолжувањето на рокот на СЈО има единствена цел – пролонгирање на кризата во земјава, смета дел од експертската јавност. Како што вели аналитичарот Александар Даштевски за Канал 5 телевизија, обвинителството имало и повеќе од доволно време да истражува и да покрене обвиненија доколку имало основи за тоа. Тој смета дека СЈО работи како испостава на опозицијата и служи за остварување на целите и интересите на некои надворешни фактори.

Даштевски вели дека е сосема оправдано што ВМРО-­ДПМНЕ останува на ставот дека нема да се согласи со продолжување на рокот на СЈО, бидејќи испочитувале се што предвидувал Пржинскиот договор, и дури понудиле зголемување на бројот на обвинители за да постигнат временски со работа, што било одбиено без никаков контрааргумент.

Тој е убеден дека врз раководството на ДУИ бил вршен притисок за работата на СЈО да се најде во платформата на албанските партии и додава дека доволно средства од буџетот се вложуваат во Западна Македонија, пред се во инфраструктурата. Вели доколку сметаат дека треба да се одвојат повеќе средства од државниот буџет за средините во кои живее претежно албанско население, тоа можат да го сторат преку пратениците од албанските партии во Собранието.

Top