сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Струмица е пример за криминална oпштина каде семејните и пријателските бизниси на Заеви се рутина

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е повторно фатен на дело во сомнителни зделки и тендери со парите на струмичани. Фирмата на неговиот партиски пријател и претседател на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски не ги исполнува условите за добивање на тендерот за снабдување со гас, истакна денес на прес конференција Бојан Стојаноски, Генерален секретар на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжениот интегрално целото негово обраќање:

Целата јавност изминативе денови се увери дека станува збор за човек-фирма, со еден вработен, без никаков имот и без никакви средства за вршење на дејноста. Нема некој кому не му е јасно дека оваа фирма има само една намена, а тоа е цицање на парите на струмичани кои плаќаат најскап гас. Нема и не смее да има амнестија за криминал. Надлежните органи треба сериозно да се позанимаваат како ваква фирма редовно ги добива тендерите за гас, а јасно е и од тендерската документација дека не ги исполнува условите.

Еве само неколку од критериумите и услови кои се бараат за добивање на тендерот.

– Понудувачот да располага со влекач и транспортна приколка за транспортирање на MAT модулите која треба да ги поседува посебните карактеристики за превоз на MAT модули и нивен утовар и истовар врз платформите кои се во сопственост на ЈПЕД Струмица-Гас Струмица кои исто така се опишани во делот на техничката спецификација. Приколката да биде прилагодена за конекција со постоечките платформи.

– Понудувачот да располага со минимум 3 МАТ модули, тип еквивалентен на модулите кои ги поседува ЈПЕД Струмица-Гас Струмица.

– Минимум 40.000.000 денари остварен приход во последните три години.

press

На лагите мора да им се стави крај еднаш, засекогаш. Митко Андреевски нема вработени во сопствената фирма која е регистрирана во куќата на родителите на неговата сопруга. Според официјалните податоци, во неговата фирма е вработен само 1 човек, а не неколку како што тој кажува.

Значи само eден човек, во една фирма, прави бизнис зделки со Општина Струмица од неколку милиони евра.

Општина Струмица е пример за сомнителни бизнис зделки и манипулации на граѓаните. Општина Струмица е пример за криминална Општина во која семејните и пријателските бизниси на Заеви станаа рутина. Преку тендерите во Струмица, граѓаните се сведоци како нивните пари завршуваат во џебовите на семејството на аболицираниот криминалец Заев, партиските функционери на СДСМ и нивните бизнис партнери.

Времето на аболицирање за неколку милионски криминали од типот на Глобал одамна заврши.

Аболицираниот криминалец Заев ќе одговара. Ќе одговара и за тендерите на неговите фамилијарни бизниси, ќе одговара и за Цареви Кули, ќе одговара за сомнителните тендери за набавка на гас, ќе одговара за изнудите и поткупот од типот „Едно евро за Вицето“. Ќе одговара за секој еден сторен криминал.

Никој не смее да избега од лицето на правдата. Нема ниту аболицираниот криминалец Заев.

Top