понеделник, 20 февруари 2017 | Вести денес: 15 ново

Во Момин Поток згрижени 10 лица

До Црвен крст на град Скопје се пристигнати 12 дојави од граѓани кои резултираа со згрижување на 10 лица.

– Вкупно 45 волонтери и професионалци се ангажирани за 24 часовна поддршка во прифатилиштето за истото непречено да функционира. Мобилните тимови на Црвен крст се присутни на терен и по дојава на граѓани дејствуваат на терен – велат од Црвен крст.

Заради студениот бран кој ја зафати нашата земја, на 30 декември 2016 година е отворено прифатилиштето и горе наведените услуги секојдневно ги користат 16 лица вклучувајќи и трипати оброци во текот на денот. Дополнуваат дека е доставена помош и во двата центри, „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“ каде се згрижени 120 лица кои се водат како лица во ризик и за нивни потреби се дистрибуирани 470 ќебиња, 60 душеци, 156 готвени јадења, 300 супи, 249 комплета шал, ракавици и капи, 108 комплета тренерки, 35 јакни и чизми и други нешта кои им се најпотребни.

Top