понеделник, 27 март 2017 | Вести денес: 2 ново

Червар: Желбата за одмазда може скапо да нѐ чини

lino-cervar

Македонија веќе полека се адаптира на Мец, а стратегот Лино Червар по одработените тренинзи даде анализа на нашиот прв противник – Тунис. Хрватскиот стратег кој зад себе има големо искуство вели дека нашата репрезентација не смее да размислува да му се одмазди на Тунис за одземањето на Олимпискиот сон, затоа што се може да ни се удри од глава и да не успееме да дојдеме до позитивен резултат.

– Доста го анализиравме Тунис. Многу веројатно и тие го направија истото. Играчите се сеќаваат на последниот меч кога загубивме од нив, кога ни го уништија Олимпискиот сон. Но, никако не смее да се размислува за одмазда, затоа што таа може да не „убие“ и лошо завршува. Со добар мотив мора да истрчаме на терен, да покажеме дека сме добри и дека добро трениравме во изминатиот период. Знаеме каков е противникот, тие се една добро воиграна репрезентација, а како плус го добија и Санаи, играч кого го употребуваат и во одбраната. Имаат опасна полуконтра, две брзи крила кои добро соработуваат со Жалуз, а најопасни се во транизцијата во напад. Знаеме дека против нас ќе имаме противник кој мора да го респектираме. Тие беа на ОИ, ние не бевме. Не очекува тежок натпревар, но подготвени сме. Ќе го прифатиме предизвикот и ќе се спротиставиме на нивната агресивна игра. Не смее да размислуваме за резултатот, туку само за нашата игра, затоа што добрата игра носи резултат. Емоциите не смеат да не понесат, главната емоција на паркет треба да биде концентрацијата и мудроста. Да мислиме со главата – вели Червар.

Првиот натпревар на СП репрезентацијата на Македонија го игра на 12 јануари од 17.45 часот.

Top