сабота, 21 април 2018 | Вести денес: 53 ново

Данец ја убил сопругата, четирите деца и на крај си пресудил

Данската полиција соопшти дека четириесет и петгодишен маж ја убил својата сопруга, четирите деца, а потоа извршил самоубиство.

– Убиена е четириесет и двегодишна жена, две момчиња и две девојчиња, на возраст меѓу три и 16 години – соопшти полицијата.

Полицијата во соопштението ги отфрли медиумските шпекулации дека течење на гас е причина за смртта на семејството.

Засега не е познат мотивот, а полицијата не обелодени на кој начин се убиени. Семејната трагдија се случи во понеделник во едно село југозападно од Рандерс, на 185 километри северозападно од Копенхаген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top