недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 70 ново

Дипломати на Обединетите Арапски Емирати загинаа во Авганистан

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека пет од дипломатите кои загинаа за време на вчерашниот бомбашки напад во авганистанскиот град Кандахар биле нивни државјани. Авганистанските власти соопштија дека во нападот загинале 13 луѓе, а 18 биле повредени и се случил во гостинска куќа за време на средбата меѓу дипломати на Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи го и амбасадорот во земјата. Според властите на ОАЕ, дипломатите спроведувале хуманитарна, образовна и развоја работа во Авганистан.

Top