среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 57 ново

Маскирани лица ограбиле казино во Битола

Околу 100.000 денари се украдени од казино во Битола, лоцирано на улицата „Климент Охридски“.

Кражбата се случила рано утрото, околу 5:15 часот, откако две непознати маскирани и вооружени лица со пушка, извршиле разбојништво над вработената и насилно ги одзеле парите по што го напуштиле местото на настанот- соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.

Top