сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Имал 500 љубовници за 7 години, но само со неа посакувал вечер исполнета со страсти

Пирс Морган, еден од уредниците на Дејли Мејл, во својата колумна откри дека неговиот близнак пријател – Џорџ Мајкл – во текот на една приватна вечера во Лондон имал необичен испад на искреност.

Пејачот кој почина на крајот од 2016 година, на вечерата открил пред сите присутни дека во текот на седум години имал дури 500 љубовници.

Џорџ Мајкл наводно цела вечер зборувал за својот љубовен живот, за своите љубовни авантури и го засмејувал друштвото.

Морган истакнал дека долго и добро го познавал Џорџ благодарение на бројните интервјуа и контактите, но бил многу изненаден од неговата искреност таа вечер.

Сe одлучив се да ви признаам за никој да неможе да открива работи за мене – рекол пејачот.

Меѓутоа, иако беше хомосексуалец, Џорџ Мајкл истакнал ако би спиел со жена, со задоволство би се препуштил на страстите со холивудската дива Елизабет Тејлор.

elizabet-tejlor-3

Мајкл бил близок пријател со легендарната Лиз, а во 1992 година настапил на хуманитарниот концерт на нејзината фондација за борба против сида.

Top