четврток, 30 март 2017 | Вести денес: 1 ново

Дознајте како секој хороскопски знак ги повредува другите

Овен

Вашето расположение се менува постојано во врските. На почетокот, оние кои ве засакуваат мислат дека можат да ве сакаат и во добро и во лошо, но потоа откриваат дека вие навистина сте тешка личност, со чести промени во расположението.

Бик

На почетокот делувате студено во врските, но потоа станувате опсесивни и постојано имате потреба од другата личност, што ги изненадува оние кои почнуваат врска со вас. Вашата посесивност ги тера да се одалечат од вас, бидејќи не можат да ви го дадат сето внимание кое го посакувате.

Близнаци

Вие сте непостојани, така што вашиот партнер не знае дали сте сериозни за врската или не. Понекогаш делувате како мали деца кои не знаат што сакаат.

Рак

Не постои ништо што ги одалечува луѓето од несигурноста. А, вие сте многу несигурни и имате потреба од постојано докажување на љубовта. Поради својата несигурност, станувате многу сомничави за нивното однесување.

Лав

Често сте многу полни со себе, што е шармантно на почетокот, но по некое време навистина им здосадувате на луѓето. Вашата ароганција може да избрка секого од вас.

Девица

Вашето постојано судење на другите може навистина да ги игнорира другите. Постојано ги анализирате работите и сте многу критични кон другата личност во многу ситуации. Тоа ги тера да се чувствуваат како да не се доволно добри за вас и дека ништо не е правилно.

Вага

Оние кои ќе ве засакаат мошне брзо губат интерес кога ќе видат како се самосожалувате постојано. Никој не сака личност која постојано се фокусира на лошите нешта. Оние кои ве сакаат не сакаат да се чувствуваат како да немаат позитивно влијание во вашиот живот.

Шкорпија

Вие чувате премногу тајни од другите луѓе и едноставно не може да ви се верува. Често се однесувате како да сакате да ја контролирате другата личност и тоа може да ги одалечи од вас. Намалете со посесивноста и љубомората.

Стрелец

Никој не сака да биде во врска со празни ветувања. Ако постојано ветувате нешто што не можете да исполните, како ќе знае вашиот партнер дали може да ви верува?

Јарец

Треба да научите да ги избирате битките. Ослободете се од малите, глупави нешта и прифатете ги такви какви што се. Морате да им простувате на луѓето за неважните нешта. Секако дека ќе ги одалечите од себе ако постојано им ги ставате на нос нештата кои ги направиле.

Водолија

Време е да се отворите и да им дозволите на луѓето да бидат со вас. Вие почнувате врска, но често се однесувате како да не сте во неа. Бидете искрени за вашите чувства и не бегајте од тоа што го чувствувате.

Риби

Вие никогаш не сте задоволни со реалноста на животот. Секогаш барате нешто подобро и често бегате од реалноста. Ако се однесувате како другите да не се доволно добри да бидат во вашиот живот, тогаш секако дека тие ќе се откажат од вас.

Top