среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 62 ново

Џејмс Родригез ги одби кинеските милиони и десет пати поголема плата

rodrigez

Како што пишуваат шпанските медиуми, кинескиот тим Хебеи Форчун, понуди неверојатни 110 милиони евра за фудбалерот на Реал Мадрид, Џејмс Родригез, со неделна плата на Колумбиецот од 600.000 евра.

Сепак, оваа понуда не беше примамлива за колумбискиот ас, кој веднаш ја одбил, иако во Кина ќе заработуваше скоро десетпати повеќе, отколку сега во Реал Мадрид. Доколку ја прифатеше оваа понуда, Џејмс ќе беше најскапо платен фудбалер на сите времиња и ќе го престигнеше трансферот на Пол Погба, кој за 105 милиони евра од Јувентус премина во редовите на Манчестер Јунајтед.

25-годишниот офанзивец оваа зима беше поврзуван со многу трансфери, но пред извесен период изјави дека не планира да ги промени клупските бои и ќе продолжи да се бори за место во стартниот тим на Зинедин Зидан.

Top